Колкава поддршка од партијата има Мицкоски пред референдумот?
Објавено во: Македонија 20 Август, 2018
Две третини од членството на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи референдумот за името, кој ќе се одржи на 30 септември, но доколку таа дропка се претвори во цифра, тоа би значело дека повеќе од 200.000 гласачи на опозицијата не би го поддржале лидерот Христијан Мицкоски во евентуалната намера да повика на бојкот, пишува весникот „Слободен печат“.
Оваа информација, која партиското раководство наводно ја добило по теренските консултации со своето членство, панично го вклучила алармот и предизвикала една голема генерална чистка во вториот ешалон на партијата.