13 Мај, 2024
0.0266

Колкава загуба „произведе“ Марјан Додовски во прилепски „Еурокомпозит“?

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Додовски е именуван во мај лани, а загубата за лани е речиси 1 милион евра, вкупно долговите на „Еурокомпозит“ надмина милијарда денари што е над 90 отсто од основната главница на компанијата и за тоа независната ревизија изрази загриженост. Состојбата е загрижувачка зашто приходите од продажба одвај покриваат трошоци за вработените!

Единствената државна компанија од наменската (воена) индустрија прилепски „11 Октомври Еурокомпозит“ во 2015 година имала загуба од 58,3 милиони денари (околу 950.000 евра), покажува извештајот на независните ревизори за лани, објавен на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Досега, заклучно со 2015 година, оваа компанија има акумулирана загуба во износ од 1,11 милијарди денари што надминува 90 отсто од основната главница на таа компанија, поранешен гигант во наменската индустрија.  

Од објавените биланси за лани може да се заклучи дека состојбата е очајна затоа што лани компанијата инкасирала од продажба 65,5 милиони денари и се намалени за 50 милиони денари во споредба со 2014 година.  Многу е загрижувачки податокот дека трошоците за вработените во 2015 година изнесуваат 64 милиони денари и се речиси идентични со целиот приход од продажба на „11 Октомври Еурокомпозит“. Во спроедба со 2014 година тие расходи пораснале за 4 милиони денари и тоа во услови кога приходите од продажба се речиси преполовени. Вкупните трошоци на компанијата во 2015 година изнесуваат 132,5 милиони денари и се пониски за 10 милиони денари во однос на 2014 година. Оваа состојба наведува на заклучок дека „11 октомври Еурокомпозит“ е само „социјален амортизер“ затоа што ако реално се согледа ситуацијата и превземат мерки бројот на вработени во таа компанија треба да се намали. Или да се освојат нови пазари и склучат нови договори со што ќе се зголеми продукцијата и продажбата со цел да се зголемат приходите до ниво кое ќе ги надмине трошоците.

Независниот ревизор во својот извештај пишува дека постојат услови за материјална неизвесност која може да имплицира отежната способност на друштвото да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет. Вкупните тековни обврски на компанијата изнесуваат 209,1 милиони денари и се повисоки за речиси 45 милиони денари од 2014 година.

Додовски, во јавноста е познат, по скандалот при преминот од ВМРО Народна партија, каде беше претседател во ВМРО ДПМНЕ, а познат е како жесток критичар на партијата во која прејде во февруари 2012 година. Во својата кариера Додовски од професор по географија во основно скопско училиште и екологист во невладина организација влезе во политички естаблишмент на ВМРО-ДПМНЕ и во периодот 1998 година до 2002 година. Од 2005 година е член на Советот на град Скопје, а пратеник во во Собранието од 2006 до 2008 година. Во октомври 2009 година е избран за претседател на ВМРО-НП, а од февруари 2012 година преминува во ВМРО-ДПМНЕ. Како што пишувавме неговото враќање во ВМРО-ДПМНЕ имаше статус на политички скандал во јавноста во тој период. 

Во мај 2015 година е поставен за прв извршен директор на прилепската компанија. Сега на берзата е објавено известување дека во управниот одбор на компанијата со него се и: Жарко Јорданоски како заменик генерален директор и втор извршен директор, а Данчо Николовски е неизвршен член. Претседател на Управниот одбор е Христо Најданов. Претставник на државниот капитал именуван  од Владата е д-р Владо Поповски, советник во Град Скопје.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра