27 Април, 2024
0.0269

Колку чини наем на плажа во Грција?

Објавено во: Балкан 17 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Морските брегови и плажи ширум Грција се јавно добро и ѝ припаѓаат на државата која може да ги дава на закупец во наем не подолго од три години. Притоа закупците имаат обврска да испочитуваат одредени закони, но во пракса на многу плажи тоа често е далеку од реалноста.

Па така на пример на плажата Каламаки на јонскиот остров Закинтос на која не е дозволено да се постават повеќе од 150 чадори за сонце и 300 лежалки, во пракса моментално постојат повеќе од 500 лежалки. Исто така и на плажата Геракас каде законот дозволува 120 лежалки лани летото биле 250. Слични пропусти во почитувањето на законот станале правило и на други плажи ширум грчките брегови. Најчести прекршоци се однесуваат на почитување на оддалеченоста на лежалката од морето, заземање повеќе плажен простор отколку што е дозволено и неодржување на слободната зона на простор од 100 метри од следната плажа.

Законот за закуп на плажи и брегови во Грција вели...

Закуп на брегот не е можен доколку неговата должина е помала од 6 м

-Површината на закупениот дел на брегот која им се изнајмува на закупците за поставување лежалки и чадори не смее да биде поголема од 500 м2. Доколку на еден дел од 500 м2 постојат повеќе закупци, помеѓу нив мора да постои слободна зона од најмалку 100 м.

-Подрачјето на кое се поставени лежалките и чадорите не смее да изнесува повеќе од 50% од целата плажа

-Максималната покриеност на лежалките и чадорите не смее да биде поголема од 50% од доделениот простор за закуп како капачите би можеле непречено да се движат. Помеѓу редовите на лежалките е задолжителен слободен простор од најмалку 1м

-Појасот долж брегот на плажат (помеѓу морето и првиот ред лежалки) секогаш мора да биде слободен за непречено и безбедно движење на капачите и не смее да биде помало од 5м (претпоставка е дека ова правило не важи за тесните плажи какви што се на пример во Пефкохори или Полихроно)

-Забранета е секаква работа која ја менува физичката морфологија и живи елементи на морските брегови и море.

-При поставување лежалки и чадори треба да се користат природни и еколошки прифатливи материјали

-Музиката на плажите ниту во една точка не смее да надминува 50 Db 

-Локалната власт е во обврска да обезбеди секојдневно чистење на комуналните површини и да вгради современи корпи за отпадоци како би се обезбедила чистота и естетика на брегот и околината

-Заштита, грижа и одржување на постоечкото зеленило на плажата и самите плажи е одговорност на закупецот и одговорните комунални служби.

Колку чини наем на плажа во Грција?

Ова се некои од аукциите од претходните години на општината Касандра и почетни минимални цени на закуп. Иако никаде не е наведено, претпоставуваме дека овие цени се однесуваат на сезона од 5 месеци и во нив е вклучен само закуп просторот (не се вклучени останати трошоци: плати и доприноси на работници, струја, вода, комуналии, даноци и останати локални такси...) . Немаме информација кои се конечните достигнати цени на закупи.

1.  Ханиоти – површина на брегот 490 м2 помеѓу Молос плажата и Ханиоти – почетна цена 6 860 евра

2.  Ханиоти – површина на брегот 490 м2-100м од хотелот Пела- почетна цена 6860 евра

3.  Ханиоти површина на брегот 150м2 – почетна цена 2 100 евра

4.  Пефкохори –површина на брегот 200 м2 – почетна цена 3600 евра

5.  Пефкохори –површина на брегот 150м2 пред хотелот Ригакис – почетна цена 2700 евра

6.  Xenia beach 1 (Chrouso) – површина на брегот 250 м2 – почетна цена 2500 евра

7.  Xenia beach 2 (Chrouso) - површина на брегот 250 м2 – почетна цена 2500 евра4


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната