03 Мај, 2024
0.0317

Колку добро заработуваат друштвата што ги водат приватните пензиски фондови?

Објавено во: Економија 03 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Нето добивката на КБ Прво пензиско друштво е 42 отсто од приходите остварени лани, а кај НЛБ Нов пензиски фонд добивката е 35 отсто од генерираните приходи лани. Бизнис -бомбона

„НЛБ Нов пензиски фонд“ и „КБ Прво пензиско друштво“ по 11 години работење станаа финансиски џинови на македонскиот пазар на капитал затоа што управуваат повеќе од 770 милиони евра до крајот на 2016 година, пари кои се наменети за пензии на идните македонски пензионери. Двете друштва управаат со по два фонда од кои едниот е задолжителен другиот е доброволен, а заедничко им е тоа што се наменети за собирање средства и нивно оплодување за идните пензионери во земјава.

Оваа анализа на „Фактор“ има за цел да ви прикаже колку добро заработуваат двете компании кои управуваат со овие 770 милиони евра капитал на идните македонски пензионери.

КБ Прво пензиско друштво со добивка од 1,5 милиони евра

„КБ Прво пензиско друштво“ со своите два фонда управува со пари на идни пензионери кои на крајот на 2016 година надминуваат 400 милиони евра. За сите уплати од идните пензионери ова друштво наплаќа надоместоци и тие му се регулирани од страна на државниот регулатор агенцијата за супервизија МАПАС. Вкупните приходи од уплатите лани биле на ниво од 209,2 милиони денари и тие зсе за 20,2 милиони денари поголеми од 2015 година. Поголемата приходна ставка е надоместокот за управување што друштвото го наплаќа од своите клиенти. Лани по тој основ се слеале 114,9 милиони денари што е за 16,9 милиони денари повеќе од 2015 година. Од надоместокот од придонеси друштвото лани собрало 94,3 милиони денари или 3,4 милиони повеќе од 2015 година. Спрема банката чувар НЛБ Скопје друштвото платило лани 16,2 милиони денари односно 2,2 милиони денари повеќе од 2015 година, а спрема МАПАС платило 25,4 милиони денари што е 2,5 милиони денари повеќе од преклани. Позначаен е и трошокот за маркетинг за привлекување нови идни пензионери за кои биле издвоени 11,7 милиони денари. Кога ќе се одземат сите овие трошоци добивката на друштвото е 153,4 милиони денари и е за 14,4 милиони денари повисока од 2015 година. Освен овие трошоци за управување со фондовите друштвото има и расходи за управување со друштвото. Тие лани изнесувале 68,7 милиони денари и се повисоки за 5 отсто од 2015 година. Најзначајна ставка се трошоците за плати и надоместоци за 30 вработени. За нив се наменети 34,8 милиони денари. Бруто годишно просечно по вработен друштвото исплатило 18.750 евра што е солидна бруто плата по вработен за македонски услови односно над 90.000 денари бруто месечна плата. Финансиските приходи на друштвото биле 16,5 милиони денари, а финансиските расходи се 1,56 милиони денари. Нето добивката на компанијата 89 милиони денари. Нето добивката е 43 отсто од приходите на друштвото. Акционери во КБ Прво пензиско друштво се Прва груп Љубљана со 51 отсто од акциите и Комерцијална банка со 49 отсто од акциите. Дивидендат исплатена по акција за 2016 година изнесува над 24.000 денари, а вкупно се исплатени 46 милиони денари.

НЛБ Нов пензиски фонд со добивка од 1,05 милиони евра

Ова друштво за управување со пензиски фондови лани имало приходи од управување во износ од 185,9 милиони денари што е за 19,5 милиони денари повеќе од 2015 година. Од тие пари од надоместок за придонеси се слеани 84,9 милиони денари односно 4 милиони денари повеќе од 2015 година, а од надоместокот за управување се добиени 101 милиони денари што е за 15,5 милиони денари повеќе од преклани. Расходите за урпавување со фондовите изнесуваат 51,8 милиони денари и се за 5,2 милиони денари повисоки од 2015 година. ЗА МАПАС друштвото платило 22,8 милиони денари, за банката чувар –Комерцијална банка платило 15,2 милиони денари, а за маркетинг за привлекување нови осигуреници потрошило 9,9 милиони денари.  Добивката по овие трошоци му изнесува 134,1 милиони денари и е за 14,2 милиони денари поголема од остварената во 2015 година. 
Расходите од управување со друштвото изнесуваат 76,4 милиони денари и се за 3 милиони денари повисоки од 2015 година. Од тоа за плати и надоместоци за вработените се платени 52,9 милиони денари што е за 3,9 милиони денари повеќе од 2015 година. Друштвото на крај на 2016 година имало 30 вработени. Тоа значи дека годишната бруто плата просечно по вработен за лани е 28.560 евра. Односно на месечно ниво просечната исплатена бруто плата во НЛБ Нов пензиски фонд е 2.382 евра што е значајно над македонскиот просек. Иако има помали приходи и пониска добивка ова друштво има за 52 отсто повисоки месечни трошоци наменети за плати и надоместоци за своите вработени од тоа што го исплаќа КБ Прво пензиско друштво. 
Финансиските приходи за лани изнесуваат 15,1 милиони денари и се пониски за 1,3 милиони денари од 2015 година. Финансиските расходи се за 0,5 милиони денари повисоки и лани биле 1,2 милиони денари. Нето добивката на друштвото е 64,5 милиони денари и е за 8,5 милиони денари повисока од 2015 година. Друштвото на своите два акционери НЛБ Љубљанска банка (51 % акции) и на НЛБ Скопје (49% акции) акционери за лани им исплатило дивиденда во износ од 49,5 милиони денари. Нето добивката на оваа компанија е 34,7 отсто од неговите приходи.

Можеби ќе ве интересира

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен