09 Октомври, 2024
0.0332

Колку ќе чини вселенски одмор во хотелот Aurora Station?

Објавено во: Стил 10 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Приватната компанија од Тексас Orion Span планира да стане една од првите која ќе го развива вселенскиот туризам, градејќи луксузен хотел кој ќе биде поставен во ниската орбита на над 320 километри од Земјата. 

Туристите кои ќе сакаат да доживеат безтежинска состојба ќе треба да платат по 9,5 милиони евра за одмор кој ќе трае 12 дена. Пред да полетаат за престој во луксузниот вселенски хотел наречен Aurora Station ќе треба да поминат и низ обука која трае три месеци.

Вселенскиот хотел Aurora Station ќе биде изграден до 2021 година, а веќе од 2022 година е планирано да биде подготвен за прием на туристи. Во него ќе има капацитет за до четири гости, како и двајца припадници на екипажот.