27 Април, 2024
0.0263

Колку луѓе ќе добијат парче леб со новиот Закон за материјално обезбедување?

Објавено во: Економија 05 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Нова шанса за материјално обезбедување има за стечајците во земјава.

Со новиот Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, се овозможува материјално обезбедување на лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Ова е за периодот  од 1 јануари  1993 до 30 јуни 2019 година во претпријатија со доминантна сопственост на државата или по нивна приватизација, доколку не го промениле единствениот матичен број на субјектот, а во случај на промена истите да произлегуваат од претпријатието со доминантна сопственост на државата.

Со предвидените критериуми, а согласно  анализата на поднесените барања до Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија,  со новиот закон,  се очекува правото на материјално обезбедување да го остварат најмалку  1.000 невработени лица.

„За остварување на правото, како и претходните законски решенија, и овој  закон бара исполнување на критериуми од страна на невработениото лице и тоа:да било најмалку 15 години во работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, утврден со М1/М2 обрасци; работниот однос да му престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 30 јуни 2019 година, во претпријатие со доминантна сопственост на државата или на кое работниот однос му престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, по приватизација на претпријатието, под услов истиот да бил заснован додека претпријатието било со доминантна сопственост на државата и при приватизацијата да не дошло до промена на единствениот матичен број на субјектот (ЕМБС), а доколку дошло до промена на единствениот матичен број на субјектот (ЕМБС), претпријатието да произлегло од претпријатието со доминантна сопственост на државата врз основ на статусна промена, согласно закон;на денот на поднесување на барањето да е на возраст од најмалку 52 години (жена) односно 55 години (маж);да остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1993 година иод 30 јуни 2019 година до денот на влегување во сила на овој закон, не било во работен однос’, велат од МТСП.

Лилјана Геориевска од Здружението на стечајни работници УНИТ вели дека сега само мал дел од стечајците ќе останат без финансиска поддршка од државата. Вели дека засега нема да добијат надомест оние кои немаат 15 години стаж и кои не добивале надомест за технолошки вишок.

„Стечајците од Куманово, Велес, Штип, Струга, Скопје, Ресен и Охрид сега ќе добијат шанса. Се надеваме од јануари да се изготви закон и за оние кои имаат 10, а немаат 15 години и тие да бидат згрижени“, изјави Георгиевска.

Таа вели дека и оние кои имаат 10 години работен стаж треба да добијат помош од државата, затоа што долги години работеле и вложувале и не треба да се оставени на цедило.  На голем дел од стечајците кои со години протестираа за своите права, статусот им е решен и тие ќе примаат надомест од 120 евра до пензионирањето. Вака беше одлучено во 2017 година, а во преизборието беше ветено дека проблемот на стечајците ќе биде решен.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра