Колку луѓе учествуваа во спасувачката акција во Тајланд?
Објавено во: Свет 10 Јули, 2018
Во операцијата во Тајланд за спасување на деца учествуваа 90 нуркачи, 50 странски и 40 тајландски. Неверојатната операција многумина ја опишаа како чудо, но таа не помина без трагедија: во пештерата загина поранешен тајландски маринец.
Сите 12 деца и нивниот тренер кои беа заглавени во пештера во Тајланд денеска се спасени.
Во земјата се слави по драмата која траеше со денови.