05 Мај, 2024
0.0244

Колку луѓе во светот живеат со помалку од 5.5 долари на ден?

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Половина од светското население сѐ уште живее со помалку од 5,5 долари на ден. 

Во светот 3,4 милијарди луѓе и понатаму тешко ги задоволуваат своите основни потреби. 

Ова го покажуваат податоците на Светската банка.

Во крајна сиромаштија живеат лица со помалку од 1,90 долари на ден. Сиромаштијата на глобално ниво се сведе на 46 отсто во 2015, во споредба со 67 отсто во 1990 година. 

Крајната сиромаштија во 2015 падна на 10 отсто од околу 30 отсто во 1990 година.

Сѐ поголем број од сиромашните луѓе во светот денес живеат во најразвиените земји, се наведува во извештајот.

Регионот на Азија и Пацификот бележи најдобра поделба и таму приходите на 40 отсто од најсиромашните жители просечно се подобрувале за 4,7 отсто меѓу 2010 и 2015.

Во супсахарска Африка третина од земјите забележале пад на приходите на 40 отсто од најсиромашните жители. Во тој регион 84,5 отсто од жителите живеат со помалку од 5,5 долари на ден.

На Блискиот Исток и во Северна Африка, иако е во пораст бројот на жители кои имаат 1,90 долари на ден, „нивото на крајна сиромаштија е понатаму високо“.  Но, во тој регион има сѐ повеќе жители кои живееле со помалку од 5,5 долари на ден во 2015, во споредба со 1990.

Светската банка прецизираше дека во Соединетите Држави во 2015 година 3,7 милиони лица живееле во крајна сиромаштија, или 1,2 отсто од населението.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?