26 Април, 2024
0.0270

Колку Мермерен комбинат ги плаќа менаџерите кои направија 22 милиони евра профит?

Објавено во: Економија 24 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Прилепската компанија за производство на мермер имаше фантастична година. Лани Мермерен комбинат оствари добивка по оданочување во износ од 22,8 милиони евра. Шестчлениот Одбор на директори лани го чинеше Мермерен комбинат одвај 1 отсто од профитот!

Прилепската компанија Мермерен комбинат лани исплатила просечен бруто износ од  46.227 евра по член на одборот на директори. Вкупниот бруто износ исплатен на шестмината членови на одборот на директори: Христофорос Павлидис, Периклис Николау, Јасна Ажиевска Петрушева (изврпен член), Николаос Димарелис, Теодорос Апостолопулос и Зоран Пандев за лани е 277.360 евра, пишува во годишниот извештај на прилепската компанија достапен на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Овој тим лани донел профит по оданочување на акционерите во износ од 22,8 милиони евра. Добивката на Мермерен комбинат има огромен пораст во споредба со 2017 година кога изнесувала 10,6 милиони евра. Комбинатот лани имаше фантастична година во која профитот бил 57 отсто од приходот од продажба наспроти 2017 година кога профитот на компанијата бил на ниво од 40,6 отсто од приходите од продажба, пишува во извештајот.

Прилепската компанија е во доминанта сопственост на две странски правни лица. Мнозински сопственик е холандската компанија која работи со производство и продажба на мермер „Стоун воркс Холдинг Кооператиф“ кој поседува 89,25 отсто од акциите со право на глас и грчката „Пиреус банка“ која како старател управува 10 отсто од акциите на компанијата.  

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина