Колку милиони „ќе лапне“ Визер за новите авиолинии
Објавено во: Економија 15 Јануари, 2019
5 милиони евра е сумата на субвенции кои ќе ги добие унгарската авиокомпанија Визер за новите авиолинии кои ги воведува од скопскиот и охридскиот аеродром.
Според најавите на надлежните договорот на кој потпис ставија Визер и Владата на РМ ќе трае до 2022 година.
Осумте долгоочекувани линии кои ги воведе Визер се од Скопје до Карлсруе / Баден-Баден, Бремен, Ларнака и Турку и од Охрид до Малме, Милано Малпенса, Минхен Меминген и Дортмунд.
Се зголемува и бројот на неделни летови на постоечките рути на „Виз Ер“ од Скопје до Гетеборг, Хамбург, Келн, Малта и Базел.