Kолку може да се заработи во Бугарија на море?
Објавено во: Финансии, Балкан 30 Април, 2018
Платите во туризмот во Бугарија двојно се зголемија, а луѓе се ангажирани неколку месеци пред сезоната.
Готвачите земаат повеќе од 2500 лева, а келнерите не паѓаат под 1500 лева.
На келнерите им се дава и 5 проценти од прометот. Но, за тоа е потребно искуство и два странски јазици.
Собарките ќе добиваат 700-800 лева за чистење на просториите и постелнината. Платите на рецепционерите и бармените, кои се веќе 800 до над 1000 лева, се зголемија.
Се бараат менаџери, а се нудат плати од 2000 лева. Сепак, треба да се инвестира во обука на кандидатите.