26 Април, 2024
0.0267

Колку нови камиони за чистење снег „Македонијапат“ ќе купи со 1,5 милиони евра?

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

„Македонијапат“ за период од најмногу 100 дена ќе ангажира повеќе од 80 приватни машини за чистење на државните патишта и за тоа од буџет ние ќе платиме до 1,56 милиони евра. Над 80 отсто од тендерот го доби една тетовска фирма, а другото го доби кавадаречка фирма. „Фактор“ за вас читатели ги издвои цените за месечните паушали на машини на двете фирми. Да потсетиме – двете фирми се ЕДИНСТВЕНИ ПОНУДУВАЧИ и тендерот го добија без конкуренција!

„Македонијапат“ склучи 60 договори со тетовска фирма НБ Транс Сомпану од која со месечни паушали и на повик ќе закупи околу 80 машини, најмногу камиони со снежен плуг и силос за сеење песок и сол и за тоа ќе плати до 1,3 милиони евра без ДДВ. Дополнително на тоа на кавадаречката фирма ЈА-МИ „Македонијапат“ ќе и плати до 265.860 евра за наем на помалку од 20 машини од кои најголем број се камиони за ринење снег и за фрлање песок и сол. И двете компании се единствени понудувачи на тендерите што ги распиша „Македонијапат“.

„Македонијапат“ за тековната зимска сезона ангажира повеќе од 60 приватни камиони на државните патишта, и повеќе од 20 натоварувачи, грејдери, багери, булдожери и чистачи на снег со фреза. За овој трошок за период до четири месеци максимум „Македонијапат“ од наши буџетски пари ќе плати над 1,56 милиони евра. Колку нови камиони можат да се купат за тие пари? Се надеваме дека некој пратеник во нашето Собрание ќе го постави ова прашање на Владата за да добиеме одговор што би можеле да купиме за пари што ќе ги платиме од државниот буџет.

Споредбата на податоците од договорите што ги потпишале двете компании со „Македонијапат“ покажува значајни разлики во цените за паушал што ги добиваат тетовската и кавадаречката компанија за закуп на камион за чистење, булдожер, снегочистач со фреза и натоварувач.

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија