26 Април, 2024
0.0271

Колку падна приходот од продажба на „Скопски пазар“?

Објавено во: Економија 17 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

„Скопски пазар“ во континуитет ги намалува своите приходи од продажба. За првиот квартал годинава тој е само половина од приходот од продажба за истиот период лани. Компанијата ја сведе на минимум набавката на трговски стоки (таа е пониска за 92 отсто), а во исто време трошоците за вработените се намалени за 25 отсто. Финансиските расходи јадат 80 отсто од оперативната добивка

„Скопски пазар“ за првите три месеци годинава има приход од продажба во износ од 69,23 милиони денари и тоа е само половина од приходот од продажба што таа компанија го имала во истиот период лани, покажува билансот на успех што го објави таа компанија деновиве на Македонската берза за хартии од вредност. Приходите од продажба на „Скопски пазар“ се пониски за 73 милиони денари во првите три месеци годинава во споредба со истиот период лани кога изнесувале 142,4 милиони денари.

Во овој период оперативните расходи на компанијата се 63,7 милиони денари и компанијата книжи оперативна добивка од 9,6 милиони денари за првиот квартал. Од расходната структура на „Скопски пазар“ јасно се гледа дека се намалуваат деловните операции на компанијата во делот на малопродажба на стоки за широка потрошувачка. Набавната вредност на трговските стоки на „Скопски пазар“ за првите три месеци е 5,3 милиони денари, а во истиот период лани била 64,8 милиони денари. Само да потсетиме, „Скопски пазар“ неодамна објави дека затвора десетина свои маркети од брендот „СП Маркет“ и „Макси Д“. Тие деловни простори „Скопски пазар“ одлучи да ги отстапи на изнајмувачи од бизнисот на малопродажба на стоки од широка потрошувачка. Значајно намалување има и кај трошоците за вработените. Тие изнесуваат 29,2 милиони денари за првиот квартал годинава, а лани за истиот период биле 36,8 милиони денари. Сепак трошокот за вработени е намален за неспоредливо помалку од трошокот за набавка на трговски стоки што само по себе ја доведува во прашање продуктивноста во компанијата.

Значаен пад има и кај ставката финансиски расходи која во последно време е рак-рана на „Скопски пазар“. Имено за три месеци оваа компанија за камати на кредити платила 7,7 милиони денари. Тоа значи дека финансиските расходи односно банкарските камати „јадат“ 80 отсто од оперативната добивка. И тоа и понатаму е голем товар за компанијата. Важно е да се истакне дека компанијата ги намалила своите финансиски расходи за 25 отсто во споредба со истиот период лани.

Нето добивката за три месеци е 1,44 милиони денари и во споредба со лани таа е пониска за 29 отсто. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти