Колку пари ќе вложи Кина во Источна Европа?
Објавено во: Свет 07 Ноември, 2016
Кина формира фонд од 10 милијарди евра за финансирање на инвестициони проекти во Централна и Источна Европа, објави Reuters.
Агенцијата се повикува на официјална информација од индустриско-трговската банка на Кина (ICBC).
Во почетокот на 2016 година се планира да бидат привлечени дополнително 50 милијарди евра за финансирање на проекти во инфраструктурата и на стоки за широка потрошувачка, се вели во пораката на ICBC. Според Пекинг, Фондот ја има поддршката на владите, но ќе работи на пазарни принципи.