03 Мај, 2024
0.0247

Колку пари прави „Тиквеш“?

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

„Тиквеш“ има одлична година, неговите приходи од продажба за првите девет месеци ја надминаа психолошката бариера од една милијарда денари. Растат приходите од продажба, расте добивката, а понатаму рак-рана се високите финансиски трошоци, но се со тенденција на намалување

Најголемата македонска винарија „Тиквеш“ за првите девет месеци годинава оствари приходи од продажба кои надминаа 17 милиони евра, покажуваат официјалните резултати од неконсолидираниот биланс објавен на берзата. Вкупната продажба во однос на истиот период лани пораснала за 9 отсто, а домашната продажба е поголема за 6 отсто и достигна близу до 10 милиони евра. Од странските пазари компанијата има прилив од 7,24 милиони евра.

Бруто добивката на „Тиквеш“ за првите девет месеци е речиси 6 милиони евра, а оперативната добивка на компанијата е 1,74 милиони евра и е за 33 отсто поголема од истиот период лани.

Милион евра добивка за девет месеци!

Финансиските расходи и понатаму се значајна ставка која негативно влијае врз добивката на компанијата. За првите девет месеци за камати „Тиквеш“ платил повеќе од 412.000 евра. Сепак резултатот е неспоредливо подобар од лани кога за истата намена „Тиквеш“ платил повеќе од 600.000 евра.

Најголемата винарија ги стопли срцата на своите акционери. Годинава за првите девет месеци нето добивката ја проби границата од 1 милион евра. Во споредба со истиот период лани годинава скорот е фантастичко подобар. Добивката годинава е за 2,25 пати поголема од профитот остварен во првите девет месеци лани.

Добивката по акција за првите девет месеци е 3,7 евра. Солидините резултати на „Тиквеш“ во комбинација со нискиот „фрифлоат“ на таа акција резултираа со тоа пазарната цена да достигне 5.500 денари, а рекордното ниво годинава беше и 6.000 денари за акција. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија