26 Април, 2024
0.0270

Колку пари се вртат во домашниот бизнис со термални бањи?

Објавено во: Економија 17 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Очигледно дека бањањето пензионери е добар извор за приходи и заработка. Трите домашни бањи кои значаен дел од своите приходи ги книжат од соработката со државниот фонд кој плаќа за третмани на пензионери и лица на кои им треба физикална терапија лани оствариле приходи кои надминуваа 5 милиони евра и нето добивка од речиси 0,7 милиони евра.

Три домашни компании кои се специјализирани за бањски туризам и за давање медицински услуги поврзани со термални бањи лани направиле промет од 304 милиони денари односно речиси 5 милиони евра. Ова се официјални податоци што за работењето лани ги објавија компаниите кои стопанисуваат со најпознатите македонски бањски капацитети: „Негорски бањи“, „Дебарски бањи“ и „Бања Банско“ односно компаниите: ЗУПЛ „Нeгорски бањи„, „Дебарски бањи Цапа“ и „ ЗУ Цар Самуил“ од Банско Струмица.

Трите компании книжат добивки, профитната маргина над 10 отсто!

Достапните податоци на трите компании, иако се релативно оскудни, сепак даваат јасна слика за трендот и за контекстот и водат на заклучок дека може пристојно да се заработи од овој бизнис во кој значајна ставка се аранжманите со пензионерите и лица кои имаат потреба од медицински третмани во овие бањи.

Најголем приход лани пријавила „Дебарски бањи Цапа“ и тој изнесува речиси колку приходот на другите две компании заедно. Лани компанијата што стопанисува со прочуените дебарски минерални води остварила приход од продажба на услуги во износ од 154,6 милиони денари односно над 2,5 милиони евра. Според достапните податоци приходите од продажба кај компанијата што стопанисува со изворите пораснале за над 10 отсто во однос на 2015 година. Нето добивката на „Дебарски бањи Цапа“ лани изнесувала 26,5 милиони денари и пораснала за повеќе од 150 отсто во однос на 2015 година. Профитот е 17,1 отсто од приходите на фирмата. Компанијата „Дебарски бањи Цапа“ е во доминантна сопственост на Меџит Цапа, домашно физичко лице и овој акционер поседува 83,65 отсто од акциите со право на глас во таа компанија.

Втора според износот на приходи од продажба на услуги е ЗУПЛ „Негорски бањи“ од с.Негорци. Лани оваа компанија имала приход од 98,16 милиони денари односно околу 1,6 милиони евра. Добивката на компанијата изнесува 9,8 милиони денари односно над 150.000 евра. Добирвка е 10 отсто од приходите од продажба. Секоја акција носи добивка од 95 денари. Оваа фирма е во доминантна сопственост на една странска компанија која поседува 84,9 отсто од акциите според податоци кои можат да се најдат на страницата на ЦДХВ. Неофицијално, компанијата е во сопственост на семејството на познатиот бизнисмен Трифун Костовски.

Трета и најмала според приходите од продажба од трите рангирани компании е ЗУ „Цар Самоил“ с.Банско, Струмица која стопанисува со водните ресурси во струмичкиот басен во областа на село Банско. Оваа компанија лани остварила приходи од продажба во износ од 51,58 милиони денари, а нејзината добивка изнесува 5,32 милиони денари. Тоа е 10,3 отсто од приходите од продажба. Добивката по акција за лани изнесува 53 денари. Според официјалните податоци во акционерската структура на оваа компанија нема доминантен акционер и има 6 домашни физички лица кои заедно поседуваат 91,4 отсто од капиталот и уште едно домашно физичко лице кои поседува 8,6 отсто од акциите со право на глас. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина