04 Мај, 2024
0.0251

Колку пари треба да има македонски кошаркарски клуб за да игра во регионалната АБА лига?

Објавено во: Економија 22 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

За да игра во регионалната лига и да има резултати кои го ставаат во средината на табелата скопскиот клуб „Соколи Карпош“ лани потрошил околу 900.000 евра, а годината ја завршил со загуба од 120.000 евра

Кошаркарскиот клуб „Карпош Соколи“ од Скопје во 2016 година потрошил 52,5 милиони денари, а годината ја завршил со загуба од 12,1 милиони денари (околу 200.000 евра), покажуваат официјалните податоци на клубот што се објавени на интернет страницата на Македонската берза деновиве. 
Годишната сметка за 2016 година усвоена од акционерското собрание на ова акционерско друштво покажува дека лани клубот има приходи во износ од 40,44 милиони денари (околу 650.000 евра), а за истата година неговите расходи се 52,5 милиони денари (околу 850.000 евра) што значи дека друштвото годината ја завршило со загуба во работењето во износ од околу 200.000 евра.

„Карпош Соколи“ е кошаркарски клуб од скопската општина „Карпош“ што постои повеќе од 20 години. Тој навремено е трансформиран во акционерско друштво согласно со условите и потребите за настап во регионалната АБА лига каде според официјалните податоци достапни на интернет се наоѓа на 7 место во конкуренција на 14 клубови по 23 одиграни натпревари. „Карпош Соколи“ е подобро рангиран од МЗТ Скопје кој истотака игра во АБА лигата и се наоѓа на 11 место по 22 одиграни кола. Клубот е основан во 1996 година, а основач на клубот е Огнен Дедиќ. 

Од натпреварувачката сезона 2012/2013 кон клубот се приклучува и општина Карпош, а според податоците од АБА лигата општина Карпош од мај 2015 година станува и косопственик во клубот. Според расположливите податоци од буџетот на општината за 2016 година кај општинските расходи во делот трансфери до спортски клубови се гледа дека за таа намена општината планирана 18 милиони денари односно 300.000 евра. Голема е веројатноста дека поголем дел од тие срества се наменети за финансирање на кошаркарскиот клуб „Карпош Соколи“. Годинава поточно последниов викенд овој кошаркарски клуб го постигна најголемиот успех во својата историја освојувајќи го Националниот куп на Македонија, при што во мечот за прво место го совлада кавадаречки „Фени индустри“. Од официјалниот регистар на Централниот депозитар за хартии од вредност е видливо дека акционерското друштво „К.К Карпош Соколи 2000“ е основано со 2.500 акции со номинална вредност од 10 евра за акција. Има двајца акционери и тоа по едно правно лице и едно физичко лице и двете се домашни лица.

Истовремено со објавата на податоците од годишната сметка на сајтот на берзата се објавени и имињата на актуелни членови на Одборот на директори и тоа се: Огнен Дедиќ претседател на Одборот на директори, Мери Копчарова, Марјан Огњановски, Горан Михајлов, Оливер Петровски, Илија Пенов и Иван Ивановски кој воедно е и генерален директор на клубот и извршен член на одборот на директори.

Податоците од усвоената годишна сметка на клубот за 2016 може да се најдат на следниот линк http://www.mse.mk/Objavi/Repository/Announcement166/%D0%9A%D0%9A%20%D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%BF%D0%BE%D1%88%20%D0%A1%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B8%202000%20%D0%90%D0%94%20%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5%20-%2023Odluka%20godishna%20smetka20170217131842.pdf.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?