04 Мај, 2024
0.0249

Колку пиво ќе се испие во Прилеп? Почнува Пиво-фест!

Објавено во: Економија 17 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Официјалниот старт на овогодинешниот Фестивал на пивото - Пивофест 2014 во Прилеп е означен денеска. Од вечерва почнува традиционалната манифестација, која годинава се одржува во година во којас се одбележуваат 1.000 години од постоењето на градот и 90 години од формирањето на пиварниците во Прилеп и во Скопје. Овој голем јубилеј градоначалникот Марјан Ристески им го честиташе на двете компании подарувајќи им по една торта. Тој воедно ги повика сите посетители да консумираат од широката понуда на пивото, но во умерени количества, преферирајќи ја забавата и дружењето. „Чест и задоволство е да се биде дел од светската карта на фестивали на пиво, заедно со еден „Октобер фест“ и други пивски фестивали. Се надевам дека овие четири дена ќе имаме многу испиено пиво, многу изедена скара и пред се, многу забава“, рече Ристески. Се очекува во следните четири дена прилепскиот Пиво-фест да собере околу 400.000 посетители. Ќе бидат поставени 32 штанда за продажба на пиво, на површина од 20 илјади метри квадратни. Пивофест ќе го отвори Даниел Кајмакоски, а следните денови ќе настапат и Маид Хаќимовиќ, Емина Јаховиќ-Сандал, Јелена Розга, Жељко Самарџиќ, Тони Цетински, Французите од „Џоук", американската група „Тостерс", Тијана и Тамара, Ефто Пупиновски, Владо Јаневски и групата „Хладно пиво". Водител на настанот ќе биде Игор Џамбазов.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?