28 Април, 2024
0.0254

Колку се почитуваат работничките права на младите?

Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Денес, во ЕУ Инфо Центарот, во рамките на Националната Кампања „365 работнички права за младите“ се организираше панел дискусија на тема „Колку се почитуваат работничките права на младите?“. На настанот претставници на институции, граѓански организации, бизнис сектор и млади дискутираа за моменталните состојби и текови за почитувањето на работничките права со фокус на младите работници. Воедно на панел дискусијата беа презентирани наодите од анкетата „Колку младите ги познаваат своите работнички права“.

Г-дин Зоран Илиески, Извршен Директор на Коалиција на младински организации СЕГА, истакна: „Наодите од нашето истражување покажаа дека дури 75% од испитаниците сметаат дека законската регулатива е само на хартија и е во интерес само на работодавачите. Ова го потврдува и фактот што дури 57% од вработените не се осмелуваат да го пријават прекршувањето на нивните работнички права од страв дека ќе го изгубат работното место. Неопходни се итни системски промени кои ќе гарантираат практична примена на законската регулатива за поголема заштита на работничките права.

„Државниот Инспекторат за Труд врши над 30.000 инспекциски надзори на годишно ниво во врска со остварување на правата на работниците од работните односи, безбедност и здравје при работа. Инспекторатот во континуитет врши надзор на работата и придонесува кон подобрување на социјално економски паралели во државата. Преку оваа кампања Државниот Инспекторат за Труд ќе делува на информирање и запознавање на младите со честите случаи со кои се соочуваат младите работници.“.- Г-дин Алјадин Хавзиу, Директор на ДИТ.

„Правата на младите се кршат фрапантно од таа причина се залагавме за спроведување на кампањата 365 работнички права за млади во партнерство со невладиниот сектор и со институциите. Ги покануваме младите по активно да се вклучуваат во синдикатите со цел поголемо информирање и гарантирање на нивните работнички права“- изјави г-дин Благоја Ралповски, претседател на КСС.

Панелисти на настанот беаг-дин Аљајдин Хавзиу, Директор на Државен инспекторат за труд; г-ѓа Александра Дичевска, претставник на Агенција за млади и спорт; г-дин Благоја Ралковски, Директор наКонфедерацијата на слободни синдикати на Македонија; г-дин Емил Крстановски, Национален Координатор на Меѓународна организација на труд во Македонија; г-ѓа Анета Баснарков, Адвокат; г-дин Марјан Алексовски, Директор на Факултети.мк.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг