Колку Сиријци се подготвени од Турција да тргнат кон Европа?
Објавено во: Свет 28 Ноември, 2016
Околу 500 000 сириски бегалци во Турција се подготвени да тргнат кон Европа, која е нивен сон, а заканата на претседателот Реџеп Таип Ердоган е реална.
Агенција Анадолу прецизира дека Турција е земја која отворила најшироко раце за оние кои бегаат од внатрешни конфликти во Сирија. Поради географската близина првите кампови беа изградени во југоисточна Анадолија. Претседателот на сириските бегалци, Екрем Деде смета дека Европа треба да овозможи премин на бегалците во своите граници и да ги прифати.
„Според меѓународните конвенции затворените гранични премини се кршење на човековите права. Тие треба да се отворат, а европските држави - да обезбедат подобри услови за мигрантите. Неопходно е нашите сонародници да имаат можност да одат во Европа, бидејќи ние бегаме од масакрите и смртта. Европа не сакаше да прифати многу од нас, но Турција даде засолниште на над 3 милиони Сиријци. Само во општина Акчакале во провинцијата Шанларфа бројот на Сиријците го надминува оној на бегалците, примени во повеќето европски земји. Европа да ги почитува човековите права, но тие се валидни само за нејзиното население, а кога станува збор за нас, тие не се применуваат "-коментира Деде пред агенцијата Анадолија.
Тој го повикува претседателот Реџеп Таип Ердоган да ги отвори граничните премини, а европските држави да покажат саможртва.