13 Мај, 2024
0.0244

Колку средства се добиени за прекугранична соработка со Бугарија?

Објавено во: Економија 19 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

10,5 милиони евра се обезбедени од ИПА Програмата на  Европската Унија за прекугранична соработка за Македонија и Бугарија. 

Заменик министерот за локална самоуправа, Љупчо Пренџов и бугарската заменичка министерка за регионален развој и јавни работи,  Деница Николова, денеска во Софија ќе ги врачат договорите за финансирање на 45 проекти. 

Тоа се проекти од првиот јавен повик за проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Средствата во износ од 10,5 милиони евра се обезбедени од ИПА Програмата на  Европската Унија за прекугранична соработка. Кофинансирањето за проектите од македонска страна го обезбедува Министерството за локална самоуправа, во висина од 15%. 

Во првиот програмски период програмата за прекугранична соработка меѓу двете земји има имплементација на околу 90% од расположливите средства и склучени договори за реализација на 100 проекти.

Одобрените 45 проекти се од области за приспособување кон климатските промени, поттикнување на развојот на туризмот, на културното и природното наследство, подобрување на конкурентноста, бизнис средината и развојот на мали и средни претпријатија, трговија и инвестиции, како и социјална инклузија, се наведува во соопштението на Министерството.

За вториот ИПА програмски период, за реализација на Програмата за прекугранична соработка со Бугарија до 2020 година, од ЕУ на располагање се ставени 20 милиони евра. Останатите средства ќе бидат реализирани во рамките на вториот јавен повик на кој, како и на првиот, ќе можат да учествуваат општини, установи, организации, асоцијации, универзитети и други непрофитни субјекти од североисточниот, источниот и од југоисточниот плански регион од Македонија, во соработка со партнери од регионот на Благоевград и Ќустендил, во Бугарија.


Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра