Колку вработувања се реализирани преку „Македонија вработува 2“?
Објавено во: Економија 25 Септември, 2016
Преку проектот „Македонија вработува 2“ се реализирани 1.500 нови вработувања за два и пол месеци.
Ова денеска го соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Овие кадри се ангажирани во 1.160 компании, од кои 1.000 компании се мали со 10 вработени.
„Овие компании нашле начин преку овој проект да си го зголемат својот бизнис, да вработат уште луѓе, да остварат плата за себе и за вработените и на некој начин да одат напред, а со тоа да влијаат на намалување на невработеноста во Македонија“- рече Груевски.
„Македонија вработува 2“ е продолжување на проектот „Македонија вработува 1“ за кој од власта велат дека имал добри резултати.