26 Април, 2024
0.0516

Колку вреди ТЕЦ „Неготино“?

Објавено во: Економија 21 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Независната ревизија утврдила дека вредноста на недвижностите, постројките и опремата се базира на сметководствени прописи кои не се во примена во Република Македонија и не се во согласност со барањата на Меѓународниот сметководствен стандард (МСС)

Независната ревизија не може да ја утврди вредноста на термоцентралата „Неготино“, ладна резерва на македонскиот електроенергетски систем, пишува во извештајот на независната ревизија за работењето на таа компанија во 2017 година. Во својот извештај ревизијата наведува дека недвижностите, постројките и опремата се базираат на сметководствени прописи кои повеќе не се во примена во Република Македонија. Воедно овој сметководствен третман не е во согласност со барањата со Меѓународниот сметководствен стандард (МСС) 16 „Недвижности, постројки и опрема“. Заради тоа ревизорите изнесуваат мислење со резерва за ТЕЦ „Неготино“.

Според официјаните податоци објавени во извештајот на компанијата недижностите, постројките и опремата на ТЕЦ „Неготино“ на крајот на 2017 година имале вредност од 8 милиони евра.  Од тоа вредноста на земјиштето е 6,56 милиони евра, вредноста на зградите е 1,32 милиони евра, а постројките и опремата вредат 105.500 евра.

Приходите на ТЕЦ „Неготино“ лани биле 3 милиони евра, а неговите расходи достигнале 2,92 милиони евра. Позитивната разлика меѓу приходите и расходите на компанијата е позитивна и изнесува 70.000 евра. Лани ТЕЦ НЕготино на Владата, неговиот единствен акционер, исплатил дивиденда од 138.500 евра.

Зошто ТЕЦ „Неготино“ е уникатна компанија?

Ладната резерва на електроенергетскиот систем е уникатна фирма затоа што таму вработените одат на работа, но не работат. Функцијата на ТЕЦ-от е како на резервните тркала во возилата. Постои, но се користи само во крајна нуджа односно по потреба. Оваа компанија е лоцирана во близина на селото Дуброво, во близина на реката Вардар и во близина на Неготино. Погонско гориво е мазутот и нејзиното работење е скапо затоа што нејзината производствена цена е значајно повисока од пазарната цена на електричната енергија. Нејзината намена е да произведува електрична енергија во услови на хаварии или елементарни непогоди кога нема други извори за производство на електрична енергија.
Во ТЕЦ „Неготино“ се вработени 192 лица, според официјалните податоци на крајот на 2017 година. За плати на вработените компанијата лани исплатила 1,85 милиони евра и тоа е најголемата расходна ставка. Нејзините вкупни расходи се 2,92 милиони евра.

Целиот извештај на независната ревизија е достапен на следниот линк.

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра