30 Април, 2024
0.0275

Колку жртви досега зеде војната во Украина?

Објавено во: Свет 25 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

„Војна е девојка која нема милост ниту за еден свој љубовник“ е стих за паметење кој брутално реално ја потврдува најпоразителната статистика. А таа покажува дека просечно дневно во Украина, во овие 90 дена, гинат околу 290 цивили и војници од двете страни. Во недостиг на официјални релевантни и независни податоци тешко е да се даде реална бројка на загинати цивили и војници во руската агресија во Украина. Најпесимистичките (но всушност оптимистички затоа што се работи за човечки животи) компарации и филтрирања на податоци од различни извори наведуваат дека досега загинале повеќе од 26.000 лица, од кои најмалку 6.500 цивили.

Војната во Украина беснее три месеци. Безмилосно се уништува воена и цивилна инфраструктура, патишта, пруги, второто најголемо пристаниште во Украина – Мариупол е срамнето со земја. Целиот тој град е раселен, а уништена е и најголемата челичарница „Азовстал“ чија штета (со вклучено изгубено производство) се проценува на повеќе од две милијарди долари. Во овие три месеци видовме многу грозомрони сцени, уривање на Мариуопол, руска воена агресија на делови на Украина што е последица на процес и има бек-граунд, неуспешен напад на Киев, дузини убиени цивили, обвинувања за геноциди, раселени луѓе, расплакани деца и мајки... Војната беснее на две генерални фронтовски линии од кои правата во Донбас и сега се актуелни северните градови Северодонецк и Лисичанск, а другата е околу градов Харков (втор по големина град во Украина). Многу е напната состојбата и околу најголемото пристаниште Одеса, но засега нема директни континуирани борби.

Земјата е поделена на повеќе фронтови меѓусебно се убиваат војските на Русија и на Украина, а двете страни се поткрепени со доброволци и платеници таканаречени кучиња на војната. Тука особено предничат озлогласената „Валтер“ дивија која се бори на руската страна и е понемилосрдна и озлогласена дури и од Чечените. Нивен пандан на украинска страна беа пронацистичката воена формација „Батаљон Азов“, а веќе не е по предавањето од челичарницата и нивното заробување (повеќе на следниот линк Без комментариев. Сдача в плен последней группы боевиков в Мариуполе. Телеканал СОЛОВЬЁВ LIVE

Колку војници и цивили ги изгубија животите досега во Украина?

Најмалку 26.000 лица – цивили, војници, доброволци и платеници на двете завојувани страни досега загинале во хаосот на украинската војна од почетоко на руската агресија на 24 февруари па до вчера. Овие податоци се неофицијални, затоа што официјални нема и сега никој нема да даде, и се агрегати, компарации и филтирања направени од воени аналитичари при што се користени повеќе различни извори податоци. И тоа: воени податоци од двете страни, здруженија на родители и членови на семејства на војници, украински и руски организации, блогови на воени аналитичари на двете страни, други меѓународни организации...

Податокот е поразителен за цивилизираниот свет затоа што излегува дека во конфликт на две соседни земји во изминативе три месеци гинеле просечно по 290 луѓе: цивили, воени обврзници, платеници и доброволци.

Неофицијалните податоци за број на цивилни жртви драстично варира од извор до извор. Така што може да се најдат податоци дека досега животите ги изгубиле најмалку 6.500 цивили и над 14.000 се ранети. Повеќе од 2.000 лица се водат како исчезнати. Додека меѓународните организации се оградуваат од давање бројки за цивилни жртви официјален Киев соопшува дека тие се досега околу 20.000 жртви.

Неофицијалните збирни податоци покажуваат дека на руската страна загубите на униформирани лица (редовна војска и доброволци од самопрогласените републики Донјецк и Луганск) минимално надминуваат 7.500 војници. Од тоа редовна руска војска се минимално 5.000 загинати војници, а од доброволните војски на двете републики уште најмалку 2.500 лица. Во двете воени групации кои се борат под руско знаме бројот на ранети и повредени надминува најмалку 17.000 лица. Најмалку 600 војници се заробени или се водат за исчезнати. Се проценува дека од странски платеници досега на руска страна загинале помалку од 100 лица, а околу 200 се ранети. За озлогласената воена формација „Валтер“ аналитичарите се согласни дека бројот на загинати е минимално надминува 50 „кучиња на војната“ и барем 150 се ранети во борбите на повеќе фронтови.

Украинската војска, која ја брани својата земја од руската агресија, досега дала минимално 11.000 жртви. Во таа бројка се вклучени редовната војска, припадниците на територијалната одбрана и националната гарда во чии рамки делуваше и батаљонот на неонациските „Азов“. Бројот на повредени и ранети е минимално околу 20.000 лица, а повеќе од 10.000 униформирани лица се заробени или се водат за исчезнати. За доброволци кои се борат на украинска страна, во кои се вклучени и платеници од странски приватни компании за воени дејствија, се оперира со бројка од најмалку 750 загинати и околу 1.500 ранети.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

ПОЛИЦИЈАТА ГИ СПРЕЧИ НИВНИТЕ ПЛАНОВИ: Тинејџери во Сиднеј сакале да купат оружје и да напаѓаат Евреи

ПОЛИЦИЈАТА ГИ СПРЕЧИ НИВНИТЕ ПЛАНОВИ: Тинејџери во Сиднеј сакале да купат оружје и да напаѓаат Евреи

ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?

ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)