16 Јануари, 2025
0.0287

КОЛУМНА ЗА ГЕРМАНСКИ ВЕСНИК: Груевски се испофали за економијата, се жали од опозицијата!

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Германскиот весник „Der Hauptstadtbrief“ пред три дена објави колумна на лидерот на владеачката партија Никола Груевски насловена како 25 години на борба и докажување“.

Како што се забележува во колумната, екс премиерот зборува за борбите низ кои поминала Македонија од нејзиното основање па до денес кога во земјава уште не е решена сто процентно политичката криза.


Воведот во колумната Груевски го почнува со „8 септември кога граѓаните на Република Македонија го прославија денот кога во 1991 година одлучија да се одделат од поранешна Југославија и да создадат независна и суверена држава“. 

Понатаму, тој зборува за економијата.

Може да се прочитаат низа пофалби економските предизвици, за Бруто домашниот производ, странските инвестиции и рангирањата на Македонија од светските кредитни агенции и невработеноста која за поранешниот премиер претставува најголем предизвик е намалена од  рекордните 38,7 проценти во 2005 година на сеуште високи 24,5 отсто.

„Економскиот раст е поттикнат од инвестициите во приватниот сектор, особено странските инвестиции, големите капитални инвестиции од буџетот, како и порастот на извозните компании. Последните две години PWC ја рангираше Македонија на прво место во Европа по приливот на странски директни инвестиции по глава на жител. Постојат неколку фактори кои влијаеа на приливот на странски инвестиции. Некои од нив, како што се одличната бизнис-клима и проценките на Светската банка дека сме 12-ти најдобри во светот и 6-ти најдобри во Европа, веднаш зад скандинавските земји и Обединетото Кралство, се веројатно меѓу најважните наши  достигнувања, особено кога е познато дека истата институција пред 10 години  ја рангираше Македонија на 94-то место во светот. Дополнително, Business Insider објавен од страна на Светскиот економски форум врз основа на податоците од ММФ и Светската банка, минатата година соопшти дека Македонија е земја со најниски даноци на планетата, со ефективна даночна стапка од 7,4 отсто. Зад нас беа земји како што се Обединетите Арапски Емирати и Катар, земји кои имаат нафта и природен гас во изобилство и можат многу поедноставно да си дозволат да ги намалат даноците. Не само во однос на ниските даноци, Македонија е исто така земја со најниски трошоци за водење бизнис во Европа. Невработеноста која за нас претставува најголем предизвик е намалена од  рекордните 38,7 проценти во 2005 година на сеуште високи 24,5 отсто, а за инвеститорите невработеноста беше и се уште претставува предност бидејќи можат да вработат поголем број на квалификувани работници. Од друга страна пак, Владата е силно фокусирана на зголемување на квалитетот и достапноста на образованието, така што инвеститорите кои доаѓаат имаат добра понуда на квалификуван и квалитетен кадар.“, пишува во колумната на Груевски.

Меѓудругото, забележителен факт се поплаките на Груевски од опозицијата.

И во колумнава Груевски вели дека политичката криза била предизвикана од неговиот опонент Зоран Заев поради емитување на незаконски стекнати и монтирани телефонски повици.

„Две години државата има блокирани реформи, а народот може да ја види на дело  деструктивната политика на опозицијата. Благодарение на пријателите од меѓународната заедница имавме можност да изнајдеме модел за излез од кризата“, пишува Груевски.

Понатаму се раскажува за договорот од Пржино и условите кои владеачката партија ги прифатила за да се реши кризата а како значаен момент Груевски ја потенцира согласноста дека одржувањето на предвремени избори на 24 април е посакуван почеток за ставање крај на кризата и за враќање на реформите. 

Се посочува и мигрантската криза како предизвик со кој се соочила Македонија, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека „Европа може да смета на нас“.

Македонија има капацитет да продолжи да биде на првата линија на Европа. Македонија ќе остане фокусирана на соработката со ЕУ за ова горливо прашање и затоа треба што е можно побрзо да се излезе од наметнатата криза и целосно да се посветиме на овие прашања“, потенцира Груевски.

Оригиналната верзија на колумната на германски јазик може да ја прочитате овде!

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката