19 Мај, 2024
0.0266

Комисија ќе оди по домовите и директно ќе гледа дали имаме парно

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, како резултат од договорот со граѓанските здруженија најави дека екипи директно ќе ги посетуваат домовите за да видат даи е слабо греењето со парно, односно зошто сопственикот на домот се исклучил од истото.

За таа цел Регулаторна предлага да се формира Комисија што ќе ја проверува состојбата на терен, откако граѓанските здруженија не успеале да се договорат со БЕГ да се намали паушалот за цевките кои минуваат низ домот на исклучените од парно, како и за другите услуги.

“Ќе се формира комисија која што, колку и да се тие станови, ќе ги посети и ќе се утврди кај тие потрошувачи дали реално добивале топлинска енергија со пропишаниот квалитет, односно дали температурата во становите им била како што е пропишано, а со цел овие потрошувачи ако реално не добивале услуга сметаме дека нема причина да плаќаат за потрошена топлинска енергија”, изјави Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Регулаторна ќе направи и анализи за исплатливоста на поставувањето мерачи кај хоризонталните системи на парно греење.

“Бидејќи доколку се на трошок на операторот на дистрибутивниот систем понатаму треба да се прелеат на цената на крајните потрошувачи. Особено ќе водиме сметка воопшто да не им се зголемат трошоците на веќе приклучените потрошувачи”, изјави Бислимовски.

Регулаторна очекува до крајот на годинава да се усвои новиот правилник за топлинска енергија. Помош ќе побара и од академиците.


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?