КОМИСИЈАТА СЕ СОСТАНА: Разгледани 77 барања за издавање на пасоши
Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2020
Барањата за издавање на патни исправи, поткрепени со соодветна документација, треба да бидат доставени до подрачните единици на Одделот за граѓански работи, со назнака дека се работи за ИТНИ барања за патни исправи кои се во надлежност на комисијата, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Барањата неопходно е да содржат телефонски број на лицето-подносител.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека со решение на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев формирана е Комисија која поради ограничениот број обрасци на патни исправи, по утврдени критериуми одлучува кои барања на граѓани се итни и неодложни да бидат процесуирани во итна постапка со цел издавање на патни исправи.
Комисијата денеска го одржа првиот состанок на кој беа разгледани вкупно 77 барања од граѓани.