30 Април, 2024
0.0253

Комисијата за заразни болести идната недела ќе се изјасни за локалите и хотелите, неделава ќе се следат бројките

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Комисијата за заразни болести дури идната недела ќе го разгледува барањето на угостителите за тоа дали ќе се дозволи измена на Протоколот за угостителска дејност, со кој се налага на иста маса да можат четворица само доколку се од исто семејство, а во спротивно, да бидат само две лица. 

Според сознанијата, идната недела ќе се разговара и ќе се разгледува и протоколот за работа на хотелите, кои официјално не се затворени, но не можат да профункционираат целосно, од причина што нема правила на игра според кои би се организирало работењето.  

Од извори во Комисијата за заразни болести Фактор дознава дека оваа недела ќе се почека да се види какви се бројките со новозаразените и воопшто со справувањето на земјава со епидемијата, по што идната недела би се донела издржана одлука за разлабавување на мерките за работа на локалите, односно кафулињата, рестораните и баровите.

А како што веќе пишуваше Фактор, угостителите бараат измена на членовите 8 и 9 од Протоколоот за работа на угостителските објекти, односно да се укине обврската според која на една маса можат да седат четворица само доколку се од исто семејство, или во спротивно, само двајца гостиИсто така, угостителте нагласуваат дека тие не можат да ги легитимираат гостите, односно да бараат од нив документи за идентификација, со кои би докажале дека припаѓаат на една фамилија. 

Владата неодамна донесе одлука со која кога се вршат контроли во локалите и рестораните, заедно со инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, одат и припадници на Финансиската полиција, кои имаат право да ги легитимираат гостите, за разлика од пазарните инспектори на кои тоа не им е дозволено.   

Сето ова за угостителскиот бизнис создава големи непријатности, но и финансиски штети, бидејќи ги принудува вработените да ги враќаат гостите доколку тие не можат да докажат дека се од исто семејство. Тоа, пак, кај посетителите создава револт, и прави тие дури и да сакале да посетат некој локал, да не успеат да го сторат тоа поради строгите правила. 

Инаку, во членот 8 се вели дека „на една маса со четири столици можат да седат и да се послужуваат максимум две лица“, додека, пак, членот 9 гласи дека „на една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство“. 

Исто така, сега локалите смеат да работат само до 22 часот, а тие бараат работното време да биде пролонгирано до 24 часот. Но, и за ова барање, а и за барањето да може да се послужуваат гости во внатрешноста на објектите, а не само на терасите, ќе мора да се изјасни Комисијата за заразни болести.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи