25 Ноември, 2024
0.0274

ЛОКАЛИТЕ ГИ ВРАЌААТ ГОСТИТЕ - ќе го смени ли и кога Комисијата апсурдното правило за исто семејство

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Уште нема одговор од Комисијата за заразни болести за тоа дали ќе дозволат измена на членовите 8 и 9 од Протоколоот за работа на угостителските објекти, според кои на една маса за четири лица треба да седат само членови на исто семејство.

Угостителите се јасни - бараат овие точки да се изменат и да се укине обврската според која на една маса можат да седат четворица само доколку се од исто семејство, или во спротивно, само двајца гости.

Исто така, угостителте нагласуваат дека тие не можат да ги легитимираат гостите, односно да бараат од нив документи за идентификација, со кои би докажале дека припаѓаат на една фамилија.  

Владата неодамна донесе одлука со која кога се вршат контроли во локалите и рестораните, заедно со инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, одат и припадници на Финансиската полиција, кои имаат право да ги легитимираат гостите, за разлика од пазарните инспектори на кои тоа не им е дозволено.   

Сето ова за угостителскиот бизнис создава големи непријатности, но и финансиски штети, бидејќи ги принудува вработените да ги враќаат гостите доколку тие не можат да докажат дека се од исто семејство. Тоа, пак, кај посетителите создава револт, и прави тие дури и да сакале да посетат некој локал, да не успеат да го сторат тоа поради строгите правила. 

„Нашето барање е јасно, а тоа е да се отстрани одредбата со која на маса за четворица мора да седи или исто семејство, или само двајца. Значи, ние немаме проблем со тоа масата да биде за четворица, а не за повеќе гости, но барем да можат да бидат четворица. Не е јасно како нема проблем кога граѓаните се возат во автобус, кога пазарат во маркети или во молови, тогаш не се гледа дали тие се од исто семејство, туку само кога станува збор за угостителските објекти“, вели за Фактор Мартин Ангеловски од Туристичко-угостителската комора при ССК. 

Според него, тие тројца или четворица што би сакале да седнат на иста маса, сигурно дека се другари, колеги, пријатели. 

„Ние не спојуваме непознати лица на иста маса. И секој од нас треба да се однесува со својата социјална совест и одговорност“, објаснува Ангеловски.

А низ скопските кафулиња и ресторани има најразновидни ситуации во последниве денови. Во одредени локали келнерите уште на самиот влез изрично ви кажуваат дека не можете да седнете доколку не докажете дека сте членови на исто семејство. Некои тоа го прават љубезно, а некои и со не сосема пријатен тон. 

„Морате да ги разберете вработените во угостителските објекти. Стравуваат од казни за локалите доколку пуштат гости кои не се од исто семејство. Исто така, тој келнер ова мора да го каже по милион пати во текот на денот, и нормално дека му е веќе здодеано, дотолку повеќе што тој не е ни сопственик, ни менаџер, туку вработен во локалот“, објаснува овој угостител.

Има и ситуации кога некои вработени или менаџери, во желба да дојдат до муштерии, сепак прогледуваат низ прсти и пуштаат и гости кои не се од исто семејство. Но, во тој случај ризикот е многу голем. 

„Ако бидат фатени дека не се од исто семејство, казни има и за гостите и за угостителите. За гостите ова е прекршочна казна, а за угостителите е кривично дело, според членовите 205 и 206 од Кривичниот законик. Во тој случај гостите се викаат да сведочат против угостителите“, објаснува Ангеловски. 

Угостителите бараа уште од пред две недели промена на овие протоколи, но сега топката е кај Комисијата за заразни болести. Кога таа ќе се произнесе, не им е познато на угостителските работници. 

Од Министерството за економија велат дека носењето на протоколите за работа на угостителите зависи токму од Комисијата. Сепак, и од ресорот на министерот Крешник Бектеши сметаат дека ова правило треба да се промени, односно гостите да не мора да бидат од исто семејство.

„Како Министерство за економија сме доставиле предлог протоколи кои се усогласени со Европската комисија и очекуваме во најбрзо време тие да се донесат. Министерството за економија има испратено допис до Комисијата, со предлог за измена на делот каде што е ограничувањето за седење повеќе од две лица кои не се од исто семејство, и тоа треба во најкраток рок да се промени од страна на комисијата“, велат од Економија.

Инаку, во членот 8 се вели дека „на една маса со четири столици можат да седат и да се послужуваат максимум две лица“, додека, пак, членот 9 гласи дека „на една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство“. 

Од Комисијата за заразни болести, кои постојано се состануваат, односно минимум пет пати во неделата, засега нема информации кога ќе „пресечат“ и ќе донесат одлуки за работа на угостителските објекти. Најавата беше дека тоа ќе се знае оваа недела, но точно кога, нема детали.

Како што е познато, сега локалите смеат да работат само до 22 часот, а тие бараат работното време да биде пролонгирано до 24 часот. Но, и за ова барање, а и за барањето да може да се послужуваат гости во внатрешноста на објектите, а не само на терасите, ќе мора да се изјасни Комисијата за заразни болести.

Од неа ќе зависи и кога ќе биде готов протоколот за работа на хотелите, што е многу битно за тие да профункционираат, и во нив да можат да се користат ваучерите за домашен туризам што ги одобри Влдата.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

КОНЕЧНО И ПОРТАЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

КОНЕЧНО И ПОРТАЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите