02 Мај, 2024
0.0263

КОМИТЕТ ЗА ФИНАНСИСКА СТАБИЛНОСТ: Тврдењата за одделни банки се неточни, регулаторите да не дозволуваат ризици

Објавено во: Финансии 03 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Финансискиот систем успешно одговори на првичниот удар од ковид-кризата и е подготвен да се справи и со натамошни предизвици. Финансиските регулатори внимателно ги следат состојбите и одвивањето на ковид-кризата, со подготвеност да ги приспособуваат своите политики, гарантирајќи за финансиската стабилност.

Ова е еден од заклучоците од вчерашната седница на Комитетот за финансиска стабилност. Со седницата претседавала гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, а учествувале и министерот за финансии, Фатмир Бесими, претседателката на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Максуд Али и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Крсте Шајноски.

На седницата, меѓу другото било посочено дека во изминатиот период има појава на дезинформации и тврдења за одделни финансиски институции, коишто не се засноваат на факти. 

„Имајќи ги предвид можните последици од ваквите појави врз финансискиот систем, беше посочено на потребата од заеднички залагања на финансиските регулатори за да не се дозволи ваквата појава да создава ризици, што би било и дополнителен влог во натамошното јакнење на финансиската стабилност. Притоа беше истакнато и дека е важно економските агенти да ги следат референтните и официјалните извори на информации за финансиските институции и за сите сегменти на финансискиот систем“, се вели во соопштението од НБМ.

Ангеловска-Бежоска нагласила дека според најновите показатели, на крајот на третиот квартал, остварувањата на системот се подобри отколку пред почетокот на ковид-кризата.

„Капацитетот на системот за справување со шокови е и зголемен, со значителни капитални и ликвидносни заштитни слоеви, а истовремено значајно е и што се солидни показателите за ефикасност. Истовремено, на крајот на септември, нивото на нефункционалните кредити е на историски најниско ниво од 3,4 отсто“, рекла Ангеловска-Бежоска.

На седницата било посочено дека имајќи ги предвид карактеристиките на ковид-кризата низ којашто минува економијата, важно е и што нема позначителни промени во стапката на евроизираност на банкарскиот систем – таа е на речиси истото ниво како пред една година, со учество на девизните во вкупните депозити од околу 42 отсто, што е показател за согледувањата на економските агенти.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, посочил дека Министерството за финансии со внимание го следи сегментот на финансиски друштва и компании за лизинг за кои е надлежно како регулатор, иако со нивното учество од под 2 отсто во вкупната актива на финансискиот систем не претставуваат закана за неговата стабилност. Тој посочи дека и покрај ковид-кризата, овој сегмент од финансискиот систем остварува позитивни финансиски резултати.

Бесими рекол дека одржување на стабилноста на финансискиот сектор во време на ковид-кризата е од особено значење, вклучително и за реалниот сектор, бидејќи финансиите се крвотокот на економијата, односно двигател на економските активности.

Согласно со очекувањата на Министерството за финансии, а врз основа на движењата на пазарот, во претстојниот период ќе се засили активноста на финансиските друштва.

Претседателката на КХВ, Нора Алити, нагласила дека основите врз кои се потпира пазарот на хартии од вредност се оценуваат како здрави, но променливиот и непредвидлив амбиент налага натамошно внимателно следење на трендовите и на потенцијалните ризици во контекст на одржувањето на стабилноста и сигурноста на пазарот на капитал и во наредниот период.

„На деветмесечна основа, вкупниот износ на прометот на домашниот пазар е поголем за 24 отсто во споредба со истиот период минатата година. Индексот МБИ10, по изразените ценовни флуктуации и пад на вредноста во првиот квартал, во понатамошниот дел од годината забележа мала осцилаторност и на годишна основа забележа благ пад од 3,52 осто, односно најмал пад во споредба со главните регионални берзански индекси“, појаснила Алити.

Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али, истакнал дека капитално финансираното пензиско осигурување и натаму делува стабилно и транспарентно со идентификувани ризици коишто се анализираат и се контролираат на редовна основа и во рамките на регулативата, со посебно внимание на инвестирањето на средствата на пензиските фондови.

„Сепак, неизвесноста во четвртиот квартал од оваа година и натаму е на прилично високо ниво. Вториот бран на вирусот може да предизвика нови флуктуации на финансиските пазари, а со тоа и влијание врз вредноста на средствата на пензиските фондови. Развојот на технологијата, пак, бара брзо приспособување на регулативата на потребите на членовите на пензиските фондови, како и на супервизијата на пензиските друштва, за минимизирање на ризикот од ширење на вирусот и заштита на јавното здравје, при што треба да се обезбеди и деловна непрекинатост и непречено функционирање во пензиското осигурување“, рекол Али.

Претседателот на Советот на експерти на АСО, Крсте Шајноски, нагласил дека во првото полугодие од годината е подобрена финансиската состојба на друштвата за осигурување.

„Конзервативните политики и регулативата за вреднување на техничките резерви и вложувањата на средствата коишто ги покриваат техничките резерви, како и високиот квалитет на инструментите коишто се вклучени во пресметката на капиталот на друштвата за осигурување се добра основа и гаранција за зачувување на солвентноста во работењето на друштвата“, објаснил Шајноски.

Била истакната решеноста на финансиските регулатори за натамошно координирано следење на состојбите во сите сегменти на финансискиот систем.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?