Комити Скопје не сакаат знаме на Русија на вечерашниот протест
Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2018
Комити Скопје преку свој официјален став на навивакото здружение денеска пред најавениот вечерашен протест пред Собранието на РМ за неменување на името истакнаа дека ќе реагираат доколку повторно, како минатиот пат, биде истакнато знамето на Русија.
Тие велат дека ќе го поддржат македонскиот народ во борбата за слобода и нема да дозволат промоција на ниту една партија или поединец, ниту пак сопствена промоција на протестите против договорот со Грција.
Со должна почит кон сите држави, тие нагласија дека нема да дозволат
знамиња на други земји на протестот.