03 Мај, 2024
0.0254

КОМУ НЕ МУ ТРЕБАА ДОДЕЛЕНИТЕ ДРЖАВНИ ПАРИ - еве која категорија најслабо ги трошела картичките

Објавено во: Економија 24 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Кој доби, а не му требаше државна помош, или едноставно не знаеше или не можеше како да си ја искористи. 

Вкупно 309.337 граѓани користеле домашна платежна картичка, објави министерката за финансии Нина Ангеловска. Односно од околу 330.000 граѓани кои се најдоа на листата, 309.000 ги подигнале своите домашни платежни картички.

Ова значи дека 21 илјади граѓани не ги искористиле картичките. Се поставува прашањето кои се тие. 

Како што пишува министерката Ангеловска, реализацијата во број на картички изнесува 93 отсто, додека во износ 95 проценти од планираното.

Гледано по групи на граѓани на кои им следуваше домашна платежна картичка, најголема реализација или 97 отсто има кај невработените лица и здравствените работници, додека најниска кај младите лица, 90 отсто.

Ова покажува дека кај дел од младите немало доволно интерес да се реализира катичката.

Од вкупно префрлените средства кон банките 28,3 милиони евра, 26,8 милиони евра биле доделени на издадените картички, а од нив 26,5 милиони евра се потрошени на купување домашни производи и услуги. Разликата ќе биде вратена во буџетот.

Доделените 26,8 милиони евра и 309.000 картички, се распределени на следен начин:

113.000 невработени и приматели на социјална помош > 16.5 мил.евра
111.000 вработени со ниски примања > 5.4 мил.евра
81.000 млади > 4 мил.евра
4.000 здравствени работници > 900.000 евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија