КОМУНАЛНИ ИНСПЕКТОРИ НА ТЕРЕН: Ќе се „ловат“ загадувачите во Аеродром
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2017
Скопски Аеродром е меѓу најзагадените општини.
Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните општината реши да воведе комунални инспектори кои ќе работат во две смени и за викенд.
„Пријави загадувач“ е проект кој го започна општина Аеродром за почист воздух.
Имено, ангажирана е целата инспекциска служба, односно осум комунални инспектори и четири комунални редари, а активирана е телефонска линија за пријавување загадувачи, 075/316-515.
Оваа акција има за целда се детектираат и соодветно да се регулираат загадувачите на територијата на Општина Аеродром.
Општината ги охрабрува граѓаните активно да учествуваат и редовно да пријавуваат загадувачи на општинските инспекциски служби