20 Декември, 2025
0.0691

Конзервативната опозиција ја зеде власта во Хрватска

Објавено во: Балкан 09 Ноември, 2015 16:42

Добивај вести на Viber

Конзервативната опозиција во Хрватска ги освои првите парламентарни избори по пристапувањето на земјата кон ЕУ во 2013 година, покажуваат делумните резултати. Мала е разликата со владејачката левичарска коалиција што сепак значи дека едвај наскоро ќе дојде до формирање на нова влада. Каков и да е неговиот состав, идниот кабинет ќе треба да се зафати со економското закрепнување на земјата по шест години на рецесија, како и со илјадниците мигранти кои минуваат или се наоѓаат во земјата на пат кон Централна и Северна Европа.

Резултати

Делумните резултати по обработката на 60.85% од гласовите, покажуваат дека „патриотската коалиција“, доминирана од Хрватската демократска заедница (HDZ) на Томислав Карамарко, ќе има 61 места во 151-члениот парламент. Коалицијата „Хрватска расте“, предводена од Социјалдемократската партија (SDP) на премиерот Зоран Милановиќ, освојува 53 места. Тие можеа да се со барем три повеќе, ако нивниот партнер „Демократски собир на Истра“ (IDS-DDI) не учествуваше сам на изборите.

„Победата не става во позиција да ја преземеме одговорноста и да ја поведеме земјата. Ни претстои борба да се обезбеди подобар живот во Хрватска“, изјавил Карамарко, кој е поранешен министер за внатрешни работи и поранешен шеф на хрватските тајни служби.

Тврда линија против бегалците

Неговата „HDZ“ одржува цврста линија спрема мигрантите во споредба со владејачките партии. Конзервативците сакаат засилени мерки за безбедност на границата. Од средината на септември во земјата влегле околу 338 илјади мигранти, главно од Србија. Сепак, малкумина останаа во 4.5-милионската земја, на која гледаат како на транзитна точка. Затоа бегалската тема остана настрана од предизборната борба, забележува „BalkanInsight“.

Двете главни сили ги изградија предизборните кампањи околу личностите на своите лидери - Милановиќ и Карамарко, продолжува весникот.

Карамарко изрази надеж дека ова гласање ќе биде „празник за демократијата во земјата“. Претседателката Колинда Грабар Китанович која до неодамна беше член на „ΗDZ“, додаде дека Хрватите „гласаат за својата иднина за наредните четири години“. Нејзините сонародници очигледно ја сфатија пораката, бидејќи над 2,3 милиони луѓе, или 60.85% од гласачите, гласаа. Во 2011 година, излезноста беше само 54.32%.

Во секој случај, за да има влада, таа треба да има поддршка од 76 пратеници во парламентот. Ниту една од двете големи коалиции нема такво мнозинство, но секоја може да го постигне, ако коалицира со неочекуваната трета политичка сила - МОСТ. Ова ги натера аналитичарите како италијанскиот специјализиран сајт „Οsservatorio Balcani e Caucaso“ да го наречат лидерот на партијата „Мост на независните листи“ Божа Петров вистинскиот профитабилец во хрватските избори.

МОСТ кон власта

Независната формација е основана во 2012 година од 36-годишниот Божа Петров. Од 2013 година тој е градоначалник на јужниот град Метковиќ, кој се наоѓа покрај реката Неретва и во соседството со Херцеговина. Откако е на чело на 15-илјадниот град, Петров ги закрепил неговите финансии, кои беа хронично лоши. Тој го сторил тоа, со што одбил да влезе во коалиција со која било партија. Тоа е неговата платформа и на штотуку завршените избори.

„Тие се обидуваат да не оцрнат ... како зборуваат за коалиции ... Токму поради тоа ... даваме заклетва пред нашите сонародници дека „МОСТ“ никогаш нема да биде на продажба“, изјавил Петров на завршниот предизборен митинг. Тоа му даде 19 места и го направи трета сила во идниот парламент.

Иако неговата позиција и победата на конзервативците, владејачката левица проговори за идна коалиција со МОСТ. „Сè што побара МОСТ , сме подготвени да потпишеме“, изјавил по објавувањето на делумните резултати Педжа Гарбин, функционер на социјалдемократите. Конечните резултати по закон мора да бидат објавени до 48 часа по завршувањето на изборите.

Според хрватските закони од сите 151 места во парламентот само 140 се за локалните партии. Тројца претставници ги избираат Хрватите во странство, а останатите осум - малцинствата во земјата.

Покрај конзервативците, левицата, „МОСТ“ и „ΙDS“ во парламентот се очекува да влезе исто Хрватската демократска заедница во Славонија и Барања со двајца пратеници. Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, исто така се очекува да земе две места со партијата „Бандиќ Милан 365“. Големо изненадување поднесе и новоформираното граѓанско движење „Жив ѕид“, што се очекува да освојат тројца пратеници. Неговата главна борба е против протерувањето од нивните домови на должниците кои не можат да ги вратат хипотекарните кредити.

Можеби ќе ве интересира

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај