14 Декември, 2025
0.0325

Корисниците на 6.000 денари ќе можат да пазаруваат само во дуќани кои ќе ги избере Владата, парите треба да се потрошат до 25 декември

Објавено во: Економија 17 Ноември, 2020 12:09

Добивај вести на Viber

Во Собранието стаса законот за финансиска поддршка на граѓаните – предвидува на сметка да добијат по 6.000 денари граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. Конечната листа кој се ќе добие помош сепак ќе ја изготвуваат неколку институции, а ќе биде објавена на kupuvamdomasno.gov.mk откако Законот ќе биде изгласан во Парламентот и ќе биде објавен во Службен весник. Кога ќе се стаса со ова законско решение е непознато, затоа што материјалот само што е пратен во собраниските служби, но во него стои дека парите кои ќе ги добијат граѓаните ќе треба да ги потрошат до 25 декември годинава.

Фактор ви открива детали од законот – парите ќе легнуваат на сметка во банка во коjа физичкото лице има постоечка трансакциска сметка и која во рок од пет дена од денот на влегување во сила на овој закон потпишала договор со Владата. Ако нема сметка во банките кои со Владата потпишала договор тогаш лицето корисник на помош ќе треба да отвори сметка во таква банка.

Помошта е слична како кога граѓани добиваа платежни картички и секој којшто мисли дека треба да добие треба да изврши проверка дали е на листата со внесување на својот матичен број на страницaта kupuvamdomasno.gov.mk по изгласувањето на законот. Сепак за разлика од тогаш, сега парите ќе може да се трошат во однапред утврдени дуќани кои продаваат домашни производи и макеоднски услужни субјекти. Нив претходно ќе ги избере Владата.

„Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија во рок од пет дена од денот на влегувањето во сила на овој закон на интернет страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk, објавува јавен повик за пријавување на правни и физички лица вршители на стопанска дејност за уписво Листа на даватели на македонски производи и македонски услуги, стои во законот.

Откако ќе ги избере тие ќе бидат објавени на оваа страница и граѓаните ќе ги трошат своите пари само таму. Значи од Владата се категорични дека примената финансиска поддршка корисниците треба да ја користат исклучиво за купување на македонски производи и услуги кај правни и физички лица од таа листа и само до 25 декември. Од тие дуќани ќе можат да купат со своја дебитна картичка на Пос терминал или Оn-line.

Парите нема да семее да се подигнуваат како готовина, со нив нема да може да се плаќаат производи и услуги на физички и/или интернет (виртуелни) ПОС терминали.

За мерката државата ќе потроши 27 милиони евра.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји