КОРОНА СЕ ПОЈАВИ И ВО СРБИЈА: Заразен е маж кој се вратил од Унгарија
Објавено во: Балкан 06 Март, 2020
Во Србија e регистриран прв случај на коронавирус.
Заразен е 43 годишен маж од градот Суботица, кој неодамна се вратил од Унгарија. Српските власти велат дека не се изненадени од појавата на вирусот, бидејќи било само прашање на време кога, ќе се прошири и во оваа земја.
Човекот е во болница.
Заразени во регионот има во Хрватска, БиХ, Словенија, Грција.
Во Македонија има два нови случаи.
Детали ќе има во текот на денот.