Ковачев: Важно е актуелните генерации во Македонија да не продолжат да се едуцираат во лага
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2020 14:34
Ние не сакаме да им го одземеме Гоце Делчев од Македонците, затоа што и ние и тие сме наследници на истите луѓе кои во минатото не делеле, изјави бугарскиот европратеникот Андреј Ковачев.
„Денеска се навршуваат 117 години од смртта на Гоце Делчев. Личноста на големиот револуционер не треба да ги дели, туку да ги обединува Бугарија и Република Северна Македонија. За жал, толкувањето на модерната реалност е основа на апсолутно фалсификување на историјата“, вели Ковачев за БГНЕС.
Тој смета дека „од исклучителна важност е актуелните генерации во Македонија да не продолжат да се едуцираат во лага, која создава омраза и поделба“, но во исто време истакнува и дека „никој не сака на современото население во Македонија да му наметнува како ќе се нарекува“.
Според Ковачев, во основа на спорот меѓу Северна Македонија и
Бугарија не е современата реалност, туку толкувањето на историјата, па
затоа заедничката македонско-бугарска комисија своите заклучоци
треба да ги базира на факти и историски извори, а не на толкувања на
одделни историчари.
„Доколку мешовитиот комитет не работи и фалсификувањето на историјата продолжи, меѓувладината конференција ќе биде одложена сè додека не се постигне напредок. Како што рече премиерот Бојко Борисов - топката е во нивно поле. Жал ми е што нашите соседи се прават дека не го слушаат и не го почитуваат договорот што го склучивме“, рече Ковачев.
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




