19 Мај, 2024
0.0291

Ковачевски даде коментар за играњето фудбал во канцеларијата на Груби

Објавено во: Македонија 08 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека спортските реквизити во канцеларија на премиер не се новост. 

„Јас ги немам, но лично прашање е како некој го организира просторот во својата канцеларија“, вели премиерот  Ковачевски. 

Така Ковачевски го коментира фактот дека првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби со министри од ДУИ играше фудбал во канцеларија.

„Јас имам колеги премиери кои што имаат кошеви во канцеларија. Јас немам и никогаш не сум имал, меѓутоа секој може да избере дали ќе има некаков реквизит кој што ќе го искористи во својата канцеларија на минута, 2-3 или пет. Така што тоа е лично прашање за некој како го организирал просторот во својата канцеларија. Дали мене ми пречи или не е ирелевантно, бидејќи доколку јас сакам да го организирам просторот во канцеларијата во која работам на начин на кој сакам, тогаш ќе го организирам. Начинот на кој го организира просторот во својата канцеларија друг човек, е прашање за него,“ изјави Ковачевски. 

Груби се правдаше дека тоа се случило надвор од работното време. Вели дека не прави ништо неморално. 

Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека да биле во странство, ќе добиеле аплауз. 

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“