19 Мај, 2024
0.0286

Ковачки на Денот на армијата: АРМ ја губи огнената моќ, станува транспортна организација

Објавено во: Македонија 18 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Драган Ковачки, актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен полковник, објави подолг статус за Денот на армијата, во кој вели дека македонската армија се повеќе ја губи огнената мож доека истовремено се трошат се поголеми суми. Како што е напишано на неговиот профил, Министерството за одбрана ги намалува сопствените национални капацитети за одбрана, а модернизира само една мала НАТО-група.
„Тоа што е загрижувачко е што на нашата министерка (исто како и на претходната - Шекеринска) навистина не и' е јасно на што се базира моќта и ефикасноста на една армија.

Или пак ако и' е јасно, тогаш очигледно се надева дека граѓаните се неуки и со празна реторика во својот говор ќе ги оправда големите суми кои веќе неколку години се издвојуваат, а во пракса способностите на Армијата се НАМАЛУВААТ. (!)

Да потсетиме дека со преземањето на власта од страна на СДС и ДУИ веднаш се пристапи кон промена на стратегијата и плановите за развој на Армијата со кои директно се удри врз структурите кои беа носители на нејзината борбена моќ, но и гордост.

Евидентно е дека се запоставува националниот карактер на македонската армија, односно најголемиот дел од ресурсите (човечки и материјални) се насочени кон развивање само на една мала воена структура, која пред се' би требало да биде за потребите на НАТО. Но и во делот на опремувањето на единицата за НАТО, се доцни!

Значи, од една страна неопходно е забрзување на инвестирањето во системи кои ќе можат да се вклучат во НАТО операции, но од друга страна спорен е и несоодветниот пристап во утврдувањето на приоритетите поради кои нашата Армија во последните години доживува сериозно намалување на огнената моќ, а со тоа и намалување на нејзината борбена готовност за извршување на нејзината основна мисија, а тоа е одбрана на територијата на Република Македонија.

Тоа е впрочем Уставна обврска, но и обврска согласно Договорот со НАТО во кој јасно е прецизирано дека секоја држава мора да развива сопствени (национални) капацитети за одбрана“, пишува Ковачки.

Како што пишува тој, дури 70 отсто од набавките се за транспортни капацитети, а не за реална огнена моќ и дека не е надоместено она што било донирано за потребите на одбраната на Украина.

„Согласно постоечките стратешки документи, АРМ мора да има резервен состав за кој за жал се' уште нема никаков концепт, а камоли реализација. Исто така, согласно документите, АРМ треба да има и тенковски баталјон во резерва, но исто така во МО нема никакво размислување, а камоли планирање за набавка на нови современи тенкови или соодветни орудија со кои би се зголемила огнената моќ и маневрабилноста на АРМ.

Сите параметри, споредено со претходните години, укажуваат на значително намалена огнена моќ на Армијата.

Исто така, загрижува и односот на Министерката за одбрана и Министерот за внатрешни работи на нашите јавни укажувања дека како држава поседуваме беспилотни летала кои се користат во многу поголеми и побогати НАТО армии (Обединето Кралство и др.), а кај нас скапуваат во магацини.

Толку ли не знаат дека во рамките на институциите кои ги раководат постои и друга квалитетна (НАТО компатибилна) опрема вградена на различни платформи и опрема која скапува по магацини а која е скапо платена?

На листата на уништени капацитети во рамките на МО, односно Армијата е и центарот за обука на пилоти. Центар (ЦОП) што ги чинеше граѓаните повеќе од 40 милиони евра и што речиси една деценија функционираше оптимално произведувајќи пилоти за потребите на државата (армијата и полицијата) по највисоки воени стандарди и истиот денес, доколку продолжеше да функционира, би бил една од ретките структури во Армијата која комплетно ги исполнува, ако не и надминува, НАТО стандардите.

Ако се има во предвид речиси комплетната неисправност на сите воздухоплови и тренажни средства во центарот и симболичната исправност на хеликоптерите од хеликоптерскиот (траснспортен) сквадрон, како и огромниот недостаток на стручен персонал за поддршка, нејасно е како министерката го замислува функционирањето на новите хеликоптери кои се почесто ги најавува“, додава Ковачки.
Тој пишува и дека „македонската армија не е транспортна организација туку многу покомплексна одбранбена структура која има критична улога во рамките на севкупниот одбранбено-безбедносен систем“.


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“