Крај за пушењето? - Како Европа може да спаси милиони животи и во исто време да го поттикне економскиот раст?

Објавено во: Мои пари 08 Април, 2025 10:18
Во борбата против пушењето, европските земји треба сè повеќе да се свртат кон алтернативи и во исто време помалку штетни производи.Ова го поткрепи и студијата (link) на независниот Европски совет за иновации во политиката насловена „Крај на пушењето? Како Европа може да спаси милиони животи и во исто време да го поттикне економскиот раст?“. Во оваа студија јасно се гледа економскиот удел на тутунската индустрија на европско ниво, а истовремено нуди прагматичен поглед на регулативата што може да ја ублажи штетата предизвикана од пушењето.
Со оглед на статистиката дека корисниците на тутун и никотин нема да исчезнат преку ноќ, според авторот Антониос Несторас, основач и генерален директор на Европскиот совет за иновации во политиката, Европа треба дополнително да ја поттикне употребата на помалку штетни алтернативи за пушењето.
Според него, со овој пристап би се постигнале три цели - зачувување на економскиот придонес на производството „Made in Europe“; подобрување на јавното здравје преку регулаторна рамка која создава рамнотежа помеѓу намалувањето на штетите и потребата постепено да се укинуваат цигарите како најштетен тутунски производ; спречување на инвазијата на пазарот од нелегални производи со ниски безбедносни стандарди.
Што покажуваат бројките - какво е економското влијание на тутунската индустрија во Европа?
На европско ниво, тутунскиот сектор годишно придонесува во БДП со 223,7 милијарди евра, што е 1,3%од вкупниот БДП на Европската Унија. Вкупниот годишен приход од данокот на тутунот достигнува 112,9 милијарди евра (што е еднакво на 55,4 % од вкупните средства што ЕУ ги троши за одбрана). Овој сектор директно и индиректно вработува над 2,1 милион луѓе, чии плати изнесуваат над 60 милијарди евра.
Колку се губи поради црниот пазар и кои се решенијата?
Според Студијата, која ги разгледува решенијата воДирективата за тутунски производи (TPD) и Директивата за оданочување на тутунот (2011/64/EU), преземањето екстремни мерки преку регулаторни рамки кои ги забрануваат овие производи може да ја намали конкурентноста на европскиот пазар, но истовремено ќепоттикне проширување на црниот пазар и ќе им биде од корист на странските конкуренти како што е Кина.
Студијата покажа дека годишно поради црниот пазар се губат 11,6 милијарди евра, што е 8,3% од вкупната потрошувачка. Овие финансиски загуби може да се искористат за зајакнување на истражувачките и развојните активности во сите земји-членки на ЕУ за 52,5 %, што би ја подобрило иновативноста во борбата против пушењето.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Повик за македонските стартап тимови: Компанијата „Mozzart“ Србија го започнува четвртиот циклус на стартап програмата „Универзум“ – Пријавете се!

Daily Food & Wine e урбана гастрономска оаза што го претвора секојдневието во доживување

„Литера“ продолжува со ден посветен на креативноста, емоциите и илустрацијата

Фестивалот „Литера“ започна со магично отворање и две впечатливи изложби во Сули Ан

Реализирана донација од 4 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф обложувалници
Колективен постапувач ОИЛТЕК Доо – Ваш партнер за одговорно управување со масло и отпадно масло

Porsche 911 Spirit 70: уникатно чувство на слобода
