18 Март, 2025
0.0543

„КРИТИЧНИ СЕ 20 ПАЦИЕНТИ“: Таравари за хоспитализираните по пожарот во Кочани, 47 пациенти ќе бидат испратени на лекување во странство

Објавено во: Македонија 16 Март, 2025 18:47

Добивај вести на Viber

Вкупно 47 повредени лица во пожарот во Кочани ќе бидат хоспитализирани надвор од државата, соопшти вечерва министерот за здравство Арбен Таравари. 

- Сите пациенти што се згрижени во болниците во државата се стабилни и во добра состојба. Има вкупно 117 пациенти кои се повредени во пожарот во Кочани, а од нив 20 критични и средно-критични некои се испратени надвор од државата. Дел се во Солун, има неколку во болниците и во соседна Бугарија, имаме и во Србија и во Истанбул. Дополнително 6 ќе патуваат вечерва. Ќе има пациенти кои ќе заминат и за Хрватска и Србија. 

Јавно им се заблагодарувам на повеќето министри за здравство од регионот и од подалеку кои лично ми се јавија – на Албанија, Турција, Косово, Србија, Бугарија – кои понудија безрезервна помош. 

Критични беа 20 пациенти, но се потрудивме дел од тие пациенти, односно 13 пациенти да испратиме на лекување во странство во специјални центри. Се надевам дека таму ќе добијат соодветен третман, додека останатите ќе продолжат со лекување во земјава. 

Исто така, му се заблагодарувам на целиот медицински персонал. Ги прошетав сите болници и видов со каква солидарност работат сите доктори, медицински сестри и болничари. Не очекуваме компликации. Имаме доволно лекови и опрема. За секоја нова информација јавноста ќе биде известена – рече Таравари.

На прашањето дали има семејства кои сè уште си ги бараат децата, Таравари рече дека, за жал, и нем постојано му ѕвони мобилниот телефон и луѓе бараат помош за да си ги пронајдат своите најбиски, но како што потенцираше, тоа е работа на Министерството за внатрешни работи.

– Сите информации ги споделуваме, но има жртви кои не се идентификувани, а тоа е работа на полицијата – рече Таравари.

Тој додаде дека во хируршките клиники моментално се наоѓаат 25 пациенти, во Градска хирургија 24, во болницата „8 Септември“ – 24, во Штип – 31, а во Кочани – 13 пациенти.

Утре на помош во државата пристигнуваат специјалисти по изгореници од Израел, Белград и Прага кои ќе им помогнат на здравствените работници во државава. 

Како што изјави Таравари, според информациите со кои располага, четири до пет повредени побарале лекарска помош во приватните клиники.


Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШИ РАСПИТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ: Обвинителство објави детали

ЗАВРШИ РАСПИТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ: Обвинителство објави детали

Четворица повредени пренесени во болница во Литванија

Четворица повредени пренесени во болница во Литванија

Уапсен и Горан Трајковски Штраус, поранешниот директор на ДПИ

Уапсен и Горан Трајковски Штраус, поранешниот директор на ДПИ

Тошковски ги брани функционерите од ВМРО-ДПМНЕ: Овие дејствија се преземани во минатото, не се преземани денес

Тошковски ги брани функционерите од ВМРО-ДПМНЕ: Овие дејствија се преземани во минатото, не се преземани денес

(ВИДЕО) Посебни гробни места во Кочани

(ВИДЕО) Посебни гробни места во Кочани

Најчевска: Уапсен продавачот на билети!

Најчевска: Уапсен продавачот на билети!

За утре закажан протест во Скопје

За утре закажан протест во Скопје

Каменувана куќата на градоначалникот Папазов

Каменувана куќата на градоначалникот Папазов

Бектеши пред суд, Максути во притвор

Бектеши пред суд, Максути во притвор