19 Декември, 2025
0.0420

ТОШКОВСКИ ГИ БРАНИ ФУНКЦИОНЕРИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ: Овие дејствија се преземани во минатото, не се преземани денес

Објавено во: Македонија 17 Март, 2025 20:27

Добивај вести на Viber

Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи, во денешното гостување во „Тема на денот“, запрашан за тоа дали има осомничени актуелни функционери инсталирани од власта во инспекторатите и полицијата за трагедијата во Кочани, одговори дека се испитуваат само „акти преземени во минатото“.

Инаку новата власт започна со поставување на свои кадри во раководењето уште од јуни кога беше формирана новата Влада.

- Досега работиме на утврдување на факти од аспект на дејствија на извршување кои што се преземени или не се преземени на конкретните лиценци, дозволи, мислења, легализации. Овие дејствија се преземани во минатото, не се преземани денес и нормално е во оваа постапка да бидат насочени основите на сомнение против лицата кои што сториле или не сториле одредено дејствие што го сториле незаконито.

Сите овие дејствија кои што ги говорам се преземани годиниве наназад и затоа овие лица кои што ги имаме осомничено, или приведено, се во притвор, или по кои што постапуваме, се дел од лицата против кои што преземаме дејствија, во изминатиот период, рече Тошковски.

Министерот додаде дека ќе се преземат дејствија и против оние од денешен аспект кои што не преземале ништо, но во оваа фаза се чешла документацијата која била носена во претходни времиња.

За бградоначалникот во оставка Љупчо Папазов, кој си замина слободен од судот, рече само дека „треба да се повикаме на разум“.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните