Бектеши пред суд, Максути во притвор
Објавено во: Македонија 17 Март, 2025 18:40
Крешник Бектеши, поранешниот министер за одбрана кој претходно беше задржан на информативен разговор додека се обезбедуваат докази од Министерството за економија, од полициската станица во Карпош е пренесен пред судот во Кочани.
Судија на претходна постапка треба да одлучи дали ќе му одреди краткотраен притвор, според информации од Обвинителството.
Еден поранешен директор и инспектори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) се дел од притворените во случајот со големата несреќа во Кочани, кога во голем пожар во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица.
Овој податок го објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, без детали за кого се работи и која е причината. МКД.мк дознава дека се работи за поранешниот директор Беким Максути, кај кого, при полицискиот претрес во неговиот дом било пронајдено и оружје и муниција.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




