16 Мај, 2024
0.0281

КРИТИРИУМИ НА ИНКВИЗАЦИЈАТА: Проверете дали ќе бевте осудени за вештерство во 1962-та

Објавено во: Стил 29 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Во средниот век не беше потребно многу, за да бидете обвинет дека „соработувате со ѓаволот”, посебно ако сте жена.

Во 1692, во Салем, во Масачусетс, 25 лица беа осудени и егзекутирани за вештерство, додека стотици од нив биле фрлени во затвор, каде што загинале.

Француски онлајн списание Terrafemina објави неколку критериуми според кои можете да бидете осудени дека сте "сојузник на ѓаволот." Доволно беше да бидете жена за да се сомнителни.

Меѓу обвинетите во Салем во 1692 имало и мажи, но жените биле побројни.

Меѓу осудените најмногу имало млади девојки и стари жени. Најмладата личност која била осудена за вештерство била Дороти Худ која имала четири години, а најстарата е Ребека Нерс на 71 година.

Сомнителни сте биле и ако сте премногу сиромашни и не можете да се одржувате себе си, а и ако сте премногу богати.

Сара Гуд беше осудена за вештерка и обесена, затоа што нејзиниот сосед ја пријавил, бидејќи молела за парче леб.

Освен тоа, осудувани и егзекутирани буле и независните жени, кои можеле сами да се издржуваат.

За вештерство се осудуваа и жените кои биле „тврдоглави” и оние кои „немаат влакна на јазикот”.

 Ако една жена имала многу деца, се сметало дека не е нормално да се биде толку плоден и била осудувана за вештерство. Истото му се случувало и на жените кои не можеле да забременат. Тоа било "сигурен знак" дека е вештерка.

Осудувани биле и жените кои бие сами и немале придружба од маж и било прогласувано дека „соработуваат со ѓаволот”.