04 Мај, 2024
0.0240

Крив ли е „ФЕНИ“ за рекордната добивка на „Стопанска банка Скопје“

Објавено во: Економија 15 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Една од двете најголеми банки во земјава има фантастичен квартал. Нејзината добивка за 90 дена надмина една милијарда денари што е за 57 отсто подобар резултат од истиот период лани. Кога ќе ги видите резервациите станува јасно дека тие значајно ја стимулирале добивката. Кога знаеме дека „Фени“ проработе логично е да претпоставиме дека знајачно ја подобрил „крвната слика“ на „Стопанска банка Скопје“

„Стопанска банка Скопје“ за три месеци оствари добивка од 1,05 милијарди денари што е за 57 отсто повеќе од 2017 година, покажуваат официјалните податоци што сега ги објави банката. Заработката по акција за само три месеци изнесува 60 денари што е значајно повеќе од 38 денари заработка по акција остварена во истиот период во 2017 година. Оваа вест силно ќе ги охрабри малите домашни акционери на таа банка, а многу е веројатно да се очекува дека ќе охрабри многумина инвеститори на берзата да купат од таа акција.

Само за потсетување оваа банка на 20 јуни ќе подели нето дивиденда од 107 денари за акција за секој имател на обични акции на таа банка.

Како банката оствари добивка од една милијарда денари за 90 дена?

Нето приходите од камати достигнаа 960 милиони денари и во однос на првиот квартал лани се поголеми за 47 милиони денари. Во исто време нето приходите од надоместоци и провизии достигнале 245,3 милиони денари и во однос на првиот квартал лани се поголеми за речиси 9 милиони денари. Клучната предност за овој фантастичен резулат е во резервациите на средства за кредити. Имено, банката за првите три месеци има ослободени резервации во износ од 199 милиони денари. За споредба во истиот период лани имала резервирани средства во износ од 133,7 милиони денари. Ова значи дека „Фени Индустри“ во голема мерка ја стимулирал кварталната добивка на „Стопанска банка“ затоа што со неговото проработување почнал да сервисира обврски и банката ги намалила своите резервации.

Трошокот на банката кој настанал како загуба заради оштетување нефинансиски средства е минимален и изнесува 7,7 милиони денари.

Кредитирањето го држи на исто ниво, депозитите пораснале за 1,1 милијарди денари

Кредитирањето за првите три месеци е на ниво од 60,8 милијарди денари што е речиси исто како и лани кога кредитирањето во првиот квартал било 60,66 милијарди денари. Од другите ставки на билансот на состојба значајно е да се истакне дека депозитите на други коминтенти пораснале за 1,1 милијарди и достигнале 71,97 милијарди денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?