20 Декември, 2025
0.1287

Кривично гонење на екс министерот Никола Тодоров

Објавено во: Македонија 03 Април, 2018 11:35

Добивај вести на Viber

Кривична пријава против екс министерот за здравство Никола Тодоров и против П.В   тогашен раководител на единицата за имплементација на проектот за реконструкција и доградба на објекти на јавните здравствени установи во Министерството за здравство поради сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата, сооштија од Финансиската полиција.

Управата за финансиска полиција до ОЈО Скопје ја поднесе кривичната пријава.

Се работи за склучениот договор за градежни работи во општите болници во Куманово, Кочани и Крива Паланка за што била избрана фимата Конструктор Инженернг АД СПлит.

Од финансиската полиција наведуваат дека двајцата и покрај тоа „што биле свесни за ненавремено и неквалитетно изведување на работите од изведувачот“, во текот на 2011 година не презеле никакви активности за активирње и наплата и не побарале продолжување на рокот на важност на банкарската гаранција во износ од 3.813.000 денари за извршување на работите пред истекот на нејзината важност што е спротивно и на Законот за јавни набавки и на Договорот.

Поради неисполнување на обврските од договорот и прекршување на рокот и неквалитетна изведба, во 2012 година Договорот со оваа фирма е раскинат и за довршување на работите се спроведени нови постапки и биле склучени нови договори, со други изведувачи.

Со тоа како што констатира Финансиската полиција во пријавата, со пропуштање на активирање на банкарската гаранција, Тодоров и П.В. несовесно постапиле и го оштетиле буџетот за 3.813.000 денари.


Можеби ќе ве интересира

Загина малолетник во сообраќајка со мотоцикл

Загина малолетник во сообраќајка со мотоцикл

Удрил со возило во полицаец во Тетово и избегал

Удрил со возило во полицаец во Тетово и избегал

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име