13 Мај, 2024
0.0275

Кризата во ПИОМ лоша за економијата: Пензионерите товар околу вратот на општеството

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Кризата во ПИОМ ја турка економијата надолу. Ова може да се констатира од моменталната состојба во Пензискиот фонд кој станува се позависен од буџетот.

Пензиите не би можеле да се исплатат доколку од буџетот не се префрлат огромни суми со кои се покрива буџетскиот дефицит.

Само за следната година, надлежните од буџетот ќе издвојат над 50 милијарди денари или 832 милиони евра за да исплатат пензии кои од ноември се зголемени за 5%.

И ревизорите алармираат на зголемена зависност на фондот од буџетот.

Во последниот извештај за ревизија за усогласеност на Фондот за ПИОМ во текот на 2015 година ревизорот посочува дека фондот не може да функционира непречено без буџетските трансфери со кој се покрива дефицотот во фондот, а кои од година во година растат. “И покрај тоа што по основ на наплата на придонеси од плата во 2015 година се остварени приходи за 7,8 отсто поголеми во однос на 2014 година, нивото на обезбедени средства не обезбедува непречено функционирање на Фондот за ПИОМ, поради што континуирано со Буџетот на РМ се предвидуваат средства за покривање на дефицитот по пат на трансфери од Централниот Буџет. Фондот за ПИОМ во текот на 2015 година за навремена исплата на пензиите во воспоставените рокови за секој месец има користено позајмици од од Буџетот на РМ кои тековно ги враќал со средства од сметката на која се врши уплата на придонесот од пензиско и инвалидско осигурување“, се наведува во ревизорскиот извештај“.

Според увидот на овластениот ревизор во периодот од 2011 година до 2015 година постои тренд на зголемување на остварени приходи на вкупно ниво, зголемување на уплатениот придонес од придонесот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) и зголемување на трансферите од Буџетот на РМ. Лани најголемо учество во вкупните приходи има придонесот од пензиско и инвалидско осигурување од 56 проценти, од Буџетот на РМ учеството е 42 проценти, додека незначително е учеството на приходите од акцизи од 1,76% и останатите приходи кои учествуваат со 0,24 % во вкупните приходи. „Во известувачкиот период на име трансфери од други нивоа на власт од Централниот Буџет во корист на буџетот на Фондот пренесени се средства во износ од скоро 396,5 милиони евра(24.381.680.000 денари) што е 42 отсто од вкупните приходи на Фондот. 

Одржливоста на ПИОМ од ден на ден се загрозува

Владата го гледа пензискиот фонд единствено како средство со кое треба да дојдат до одредена квота на гласови. Затоа уште во 2007 година го измени законот за пензиско и инвалидско осигурување според кој владата си зеде за право да одредува кога ќе има усогласување на пензиите прикажувајќи се како добродетел. Вообичаено пред избори владата усогласувањето го прикажува  како пораст на пензиите  а не како порано и што во стварност е тоа да биде усогласување на секои шест месеци, која законска одредба владата извесен период ја стави во ,,мирување“, пишуваше во една своја колумна за фактор Слободан Најдовски.

Кризата во ПИОМ ја влече и македонската економија надолу

Имено недостатокот од финансиски средства во ПИОМ ќе се надополнува од буџетот а имајќи во вид дека буџетот е во недостаток на приходи ќе расте дефицитот а со тоа и задолжувањето на државата. Таквата состојба ќе доведува до лоша структура на буџетот на штета на капиталните вложувања и други мерки за поттикнување на развојот на економијата. Но и задолжувањето за надополнување на фондот  неможе да оди до бескрај. Балонот кој се дува без контрола ќе пукне. Пензионерите ни криви ни должни  стануваат товар околу вратот на македонското општество и ќе ја плаќаат цената на политиката на оваа влада. Сега иако е доцна треба да се преземат чекори во правец на консолидирање на ПИОМ. Треба да се одреди границата до која може да се рефундира во ПИОМ од државниот буџет. Да се запре со ослободувањата од плаќање на придонеси на одредени категории вработени а не во предизборниот занос уште повеќе да се најавуваат ослободувања. Да нема предвремени пензионирања на одредени категории граѓани пред се од државните претпријатија и администрацијата за да се обезбедат места за партиските членови како што се правеше досега. Ако  продолжат предизборните ветувања под наводни програми да се ослободуваат од плаќање на давачки одредени категории полека ќе станеме земја во која никој нема да плаќа придонеси за пензиско осигурување. Треба да се изгради долгорочна стратегија за одржливост на ПИОМ која ќе биде обврзувачка за било која влада  а која стратегија ќе се заснива на пресметки базирани на реалните состојби и можности на македонската економија. Сега постои расчекор помеѓу предвидувањата за раст на економијата и потребните средства за исплата на пензиите на подолгорочен период. Таа стратегија треба да ги опфати политиките и мерките кои се неопходни за подолг период како би се спречила целосна ерозија на пензискиот фонд. Тоа е потребно за да се спречат крајно непопуларните мерки за консолидирање на ПИОМ кои никој не ги сака а тоа се: Зголемување на старосната граница за одење во пензија,која преќутно е веќе отидена на 67 односно 65 години; Зголемување на придонесите за пензиско осигурување; И, во најлош случај намалување на пензиите. Колку порано  започне соочувањето со реалната состојба во ПИОм толку резовите и болките од реформата ќе бидат помали. 

Можеби ќе ве интересира

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила