01 Јули, 2024
0.0257

„Кроација Осигурување – неживот“ оствари позитивен финансиски резултат

Објавено во: Економија 06 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Компанијата ја зголемила продажбата и своето пазарно учество во најконкуретната категорија на полиси – автоодговорност и зелена карта за 7,5 отсто до ниво од 215,8 милиони денари „Кроација Осигурување“, осигурителната компанија за неживотно осигурување успеа да оствари нето добивка од 0,93 милиони денари во 2014 година, што е прв позитивен резултат по две години работење со загуба, покажуваат ревидираните финансиски извештаи на таа голема осигурителна компанија на македонскиот осигурителен пазар. Добивката е остварена во услови кога компанијата остварила пониски приходи од работењето во споредба со 2013 година и тоа за 20 милиони денари односно за 6 отсто. Од билансот на успех се гледа дека приходите од работењето лани се 324,5 милиони денари, а во 2013 година биле 344,2 милиони денари. Заработената премија лани била 305,2 милиони денари, а во 2013 била за 19 милиони денари повисока – годината во која компанијата остварила загуба од над 120 милиони денари. Од паричниот тек даден во прилог на извештаите на „Кроација Осигурување – неживот“ се гледа дека паричните приливи од премија за осигурување и соосигурување лани се 362,8 милиони денари и се повисоки за 68,6 милиони денари во споредба со 2013 година. На другата т.е. на расходната страна за истиот период паричните одливи се 401,1 милиони денари и се 72,9 милиони денари повисоки од 2013 година. Значајна позитивна разлика , од која во голема мерка произлегува и позитивниот резултат, се паричните приливи од вложуувања кои лани биле 50,2 милиони денари и биле за 14,4 милиони денари повисоки од 2013 година. Значајно за истакнување е тоа што структурата на средствата има голем раст кај ставката депозити во банки при што компанијата на крајот на 2014 година во банки во депозити чува 166,8 милиони денари наспрема 6 милиони денари кои ги чувала на крајот на 2013 година. Од билансите се гледа дека лани компанијата за своите 92 вработени издвоила 57,2 милиони денари во бруто износ односно 5 милиони денари повеќе од тоа што било издвоено во 2013 година. Кај приходите од основната дејност односно продажбата на осигурителни полиси компанијата може да се пофали дека остварила прогрес и во однос на 2013 година ја зголемила продажбата за 7,5 отсто кај најзначајниот продажен продукт на македонскиот пазар – автомобилското осугурување (задолжително) и продажба на зелена карта. Дури 215,8 милиони денари од сите 336,7 милиони денари од полиси компанијата ги направила од популарното и задолжително автомобилско осигурување. Раст на продажбите за 5 милиони денари има и кај осигурувањето од незгода до износ од 41,1 милиони денари. Кај патничкото осигурување приходите од продажба пораснале за 0,9 милиони денари до 9,2 милиони денари, а од новововедениот продукт „правна помош“ компанијата инкасирала 1,5 милиони денари. Пад на продажбите бележи кај продажба на полиси за осигурување имот, кај каско осигурувањето, кај транспортот како и кај осигурувањата од пожар и од општа одговорност.  Очекувано на расходната страна најголем дел се исплати на штети од автоодговорност и за тоа лани компанијата издвоила речиси 107 милиони денари односно 22 милиони денари повеќе од 2013 година. Оваа компанија лани изврши докапитализација со нова емисија од 2 милиони евра, целосен сопственик на капиталот е „Кроација Осигурување“ од Хрватска.

Можеби ќе ве интересира

Осигурителните компании донесоа економска стабилност и сигурност во земјава

Осигурителните компании донесоа економска стабилност и сигурност во земјава

Вреди да се штеди ама и кој вложува – добива! Кој ги израдува своите акционери со 36,6 милиони евра дивиденда?

Вреди да се штеди ама и кој вложува – добива! Кој ги израдува своите акционери со 36,6 милиони евра дивиденда?

Косовска компанија завладеа со пазарот со млазно гориво во Македонија

Косовска компанија завладеа со пазарот со млазно гориво во Македонија

БУГАРИЈА УШТЕ СЕ НАДЕВА НА ЕВРОТО: Во ЕУ е 17 години, зошто уште не ја воведе европската валута?

БУГАРИЈА УШТЕ СЕ НАДЕВА НА ЕВРОТО: Во ЕУ е 17 години, зошто уште не ја воведе европската валута?

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

OД СЕПТЕМВРИ: Просечната пензија ќе ја надмине минималната плата

OД СЕПТЕМВРИ: Просечната пензија ќе ја надмине минималната плата

Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња