02 Јули, 2024
0.0275

НЕМА ПРЕДАТОРИ, ИМА ДОВОЛНО ХРАНА И МИРЕН ЖИВОТ: Се зголемува бројот на штркови во Стојаково

Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Од година во година се зголемува бројот на штркови во селото Стојаково во Општина Богданци.

Двапати годишно мештаните ги пребројуваат штрковите.  Еднаш тоа го прават во пролет, во април и подоцна кога штрковите се размножуваат.

„Има 60 гнезда штркови, од кои 3 гнезда се загинати од струен удар. Еден од нив загина пред мене. Има зголемување на бројот на штркови. Во 2021 година биле 47 гнезда. Во 2018 година беа помалку од сега. Зголемувањето е поради тоа што има доволно храна, нема предатори, нема кој да ги гони и има мирни услови за живот. Во секое гнездо има по 3-4 штркови во просек. Се случува да снесат и 6 јајца, ама одгледуваат обично по 4, зборувам за едно добро гнездо. Доколку нема храна, машкото ги селектира или ако е со вродена мана исто ги селектира. Сите штркови се блиску до куќите“, објаснува Роберт Иванџиков од селото Стојаково, кој долго време ги истражува и набљудува штрковите.

Тој вели дека имаат план како туристички да се промовираат, ама нема слух од надлежните. Потребни се финансиски средства за ова да се реализира.

„Доаѓаат странци, имаме два апартмани во селото. Луѓето ги сликаат, интересни им се штрковите. Доаѓаат луѓе кои тргнале кон Грција. Особено Чесите, Словаците, Германците се заинтересирани.  Покрај штркови, имаме и врапчиња и тие се преселници. Ги има доста, тоа се малку поголеми врапци со жолт ѓердан околу вратот. Тие се чистачи во гнездото. На секоја нива кога ја ораме, по 15 штркови ќе дојдат,  ги јадат црвите, ларвите, тие се чистачи на природата и тоа е многу интересна глетка“, додава Иванџиков.

Тој вели дека во селото Стојаково отсекогаш имало штркови, само што тогаш биле во помал број. Тогаш имало дрвени бандери, а денес гнездата се на бетонските бандери и граѓаните замолуваат ЕВН да реагира, жиците да бидат заштитени и да не дојде до струен удар кој ги уништува штрковите.

„Ние ги гледаме постојано, навикнати сме, пред мојата куќа има едно гнездо, а странците кога ќе дојдат побрзо ги забележуваат“, рече Иванџиков.

Мештаните често ги спасуваат младите штркчиња откако ќе паднат од гнездата.

Јатото е интересно кога се селат во потоплите краеви. Тоа е милина за гледање. Цело јато е во воздух. Но, ние немаме камери за да можеме тоа да го снимиме“, вели Иванџиков.

Билјана Арсиќ од Србија дознала за штрковите во Стојаково и на патот за Грција го посетила селото.

Веќе неколку години ја следам групата која се занимава со заштита и следење на белите штркови. Знаев дека во Стојаково ги има многу. Во апартманот стигнавме доцна и не стигнав да видам како изгледа селото. Но, утредента заедно со сонцето ме разбудија звуци. Пред мене беше убава глетка, десет гнезда полни со млади штркови кои учат да летаат. Погледот беше фантастичен. Додека пиев кафе, цело време ги следев што прават, цело време родителите доаѓаа и заминуваа, ги учеа младите да летаат. Во селото ни беше преубаво. Гостопримство, одлична храна и убава глетка“, вели Арсиќ.

Инаку, Иванџиков очекува дека во иднина бројот на штркови во селото Стојаково ќе расте.  Во Македонија и Чешиново е познато по голем број штркови. Села во кои има голем број штркови постојат во Србија, Бугарија, Турција, Шпанија, Швајцарија, Хрватска и други држави. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ПОСВЕЖО И ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ. Еве кога може да очекуваме стабилизација

ДОАЃА ПОСВЕЖО И ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ. Еве кога може да очекуваме стабилизација

„СИТЕ ПРОТИВКАНДИДАТИ ЗАГУБИЈА И ВО СВОИТЕ МАТИЧНИ ОПШТИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ЗНАМ ДЕКА СЕ И ЕМОЦИИ ВО ПРАШАЊЕ“: Филипче за противкандидатите

„СИТЕ ПРОТИВКАНДИДАТИ ЗАГУБИЈА И ВО СВОИТЕ МАТИЧНИ ОПШТИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ЗНАМ ДЕКА СЕ И ЕМОЦИИ ВО ПРАШАЊЕ“: Филипче за противкандидатите

Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на владеачкото мнозинство

Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на владеачкото мнозинство

Петровска: СДСМ има 83.000 членови, а Филипче стана претседател со 9.000 гласа

Петровска: СДСМ има 83.000 членови, а Филипче стана претседател со 9.000 гласа

Предизвикан пожар во уште една коцкарница

Предизвикан пожар во уште една коцкарница

Новиот министер за евроинтеграции го помеша Дејвид Гир со актерот Ричард Гир

Новиот министер за евроинтеграции го помеша Дејвид Гир со актерот Ричард Гир

МНР го повика амбасадорот од Тирана на консултации по скандалозниот попис на Албанија

МНР го повика амбасадорот од Тирана на консултации по скандалозниот попис на Албанија

Албански планинар го замени македонското со албанското знаме на врвот Кораб

Албански планинар го замени македонското со албанското знаме на врвот Кораб

Распишан тендерот за компресорска станица за хируршките сали

Распишан тендерот за компресорска станица за хируршките сали