КРВАВ ДЕН ВО ПАРИЗ: Маж со ножици се нафрли на минувачи
Објавено во: Свет 10 Септември, 2018
Mаж со ножици денеска во Париз прободе поштар во пределот на вратот и се обиде да нападне уште неколкумина минувачи.
Полицијата веднаш го уапсила напаѓачот.
Овој инцидент следува неполни 12 часа откако седум лица беа тешко повредени во напад со нож во северниот дел на Париз. Напаѓачот, кој е уапсен, бил вооружен со нож и метална шипка.
Напаѓачот е Авганистанец, а двајца од повредените се англиски туристи, велат од полицијата.